„Го молам Бога да изгледам како неа на 53 години“: Фотографијата на светската ѕвезда на сите им го одзеде здивот (ФОТО)

Тело жив оган!

Што мислите вие?

Пристигна пролетта, а со неа и сонцето и убавото време, што само значи дека наскоро се ближи летото и ова е последниот период кога можеме да направиме нешто за нашиот изглед. И додека нетрпеливо ги чекаме тие топли денови, од светот на познатите пристигнуваат фотографии од убавиците кои уживаат на плажите.

Една од нив секако е Џеј Ло, која се фотографираше за потребите на кампањата на модната куќа Guess и по тој повод уште еднаш ги воодушеви фановите со својот совршен изглед на 53-годишна возраст.

Имено, овој пат светската ѕвезда облече костим за капење со животински принт и лесна наметка со сличен дезен.

Впечатливи беа златните детали, како токата на долниот дел од костимот за капење, како и масивните златни обетки и големи црни очила.
Посебен акцент е ставен на нејзината гламурозна фризура од 1950-тите, а севкупниот впечаток е дека ова моќно издание е вредно внимание.

Погледнете:

Фото: Facebook @Jennifer Lopez Songs

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.