Ги „фатија“ на дело: Џони и Кристина Димитри се во љубовна врска?! (ВИДЕО)

Нов пар на македонската естрада...

По се изгледа на македонската естрада се раѓа нова љубовна романса помеѓу познатиот пејач Драган Темелков – Џони и пејачката и манекенка Кристина Димитри – објави естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Екипата на емисијата го начека новопечениот пар во една скопска дискотека, каде директно ги праша дали помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Одговорот на Кристина беше двомислен, па кажа дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство, а тоа е многу добро пријателство. Џони пак во камера кажа дека со Кристина имаат слични карактери и поради тоа се дружат.

„Досега нема ништо помеѓу нас, Кристина и јас сме со многу сличен карактер и многу си одговараме“ – изјави Темелков за магазинот.

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.