Фејбук ќе го нема на мобилните на Хуавеј

Компанијата Фејсбук потврди дека нивната апликација нема да ја прединсталира на новите апарати на Хуавеј. Кинеската компанија Хуавеј е под американски санкции, воведени поради безбедносна сигурност и тоа среде трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон. Досегашните сопственици на апаратите на Хуавеј и натаму ќе можат без проблеми да ги користат апликациите на Фејсбук и на другите социјални мрежи. Од Фејсбук додаваат дека нивните правници ги проучуваат службените документи на американските власти и донесува мерки за да се усогласи со нив. Американската администрација забрани размена на каква било технологија меѓу американските и кинеските компании , што предизвика домино ефект на целиот сектор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.