Еве колку пари губи Бака Прасе со исклучувањето на неговиот канал на Јутјуб: Месечно можел да заработи 74.500 евра!

Толку од луксузниот живот...

На јутјуберот Богдан Илиќ познат како Бака Прасе му е исклучен каналот на Јутјуб.

Каналот броел повеќе од 2 милиони следбеници и иако се уште не се познати деталите за негово исклучување, во медиумите неодамна се водеа полемики за содржините кои Бака Прасе ги пласира на Јутјуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakappraase)

Според податоците на сајтот socialblade.com и статистиките, каналот на Бака Прасе на Јутјуб бил трет најдобар рангиран во Србија.

Проценките се дека месечно можел да заработува многу пари, а во зависнот од содржините и бројот на објавите, како и монетизацијата, заработката на месечно ниво се движела од 4.700 евра до 74.500 евра.

Потенцијален просек на заработка на годишно ниво, според пресметките кој ги објавил сајтот, изнесуваат помеѓу 55.900 евра и  894.200 евра.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.