Ед Ширан заразен со коронавирусот: „Извинете, ве изневерив!“

Познатиот музичар ќе продолжи да работи од својот дом

Фото: Принтскрин

Британскиот музичар Ед Ширан ги известил фановите и јавноста дека е позитивен на вирусот корона.

Кантавторот објави на својот профил на Интаграм дека е позитивен на корона вирус, но дека ќе продолжи да натапува и да дава интервјуа од својот дом во Сафок.

Имено, Ширан нагласил дека ќе биде во самоизолација, бидејќи така налагаат британските закони.

– Тестиран сум и позитивен сум на корона вирусот, па поради тоа сега сум во самоизолација. Тоа значи дека нема да можам да работам ништо што подразибра лично присуство, но ќе ги направам сите планирани интервјуа и настапи од мојот дом. Се извинувам што ве изневерив. Бидете безбедни – порачал музичарот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.