Дали знаете која е навистина омилената личност на вашето куче? Можеби мислите дека сте тоа вие, но вистината може да ве изненади. Најверојатно тоа е личноста која секогаш има грицки во џебот. Тоа го потврдува и преслаткото видео од златниот ретривер Зеби од Hermosa Beach. За време на прошетка со сопственичката, го здогледал својот омилен сосед и буквално потрчал кон него, не можејќи да ја сокрие возбудата.
Пријателство запечатено со грицки
Сопственичката и нејзиниот златен ретривер Зеби биле на вообичаена прошетка кога се случила оваа возбудлива средба. Кучето го здогледало својот омилен сосед – човекот кој секогаш носи грицки за кучиња. Не е ни чудо што Зеби веднаш почнал да го влече поводникот и да трча кон него, како да вели: „Побрзај, мамо – морам да стигнам до грицките!“
Соседот исто така се израдувал и веќе во рака држел кесичка со грицки. Кучето, како да знае што следува, застанало на задните нозе за подобро да види што го чека.
„Вака реагира мојот златен ретривер кога на прошетка ќе го види соседот со грицки. Го повикува така што ќе ја протресе кесичката“, напишала сопственичката во описот на видеото.
@zebbythegolden POV my golden retriever when he sees his friend who gives him treats on our walk… summoning him with the shaking of the bag 🤣🤣🤣 #goldenretriever #dogsoftiktok #funnydog #dogs
Видеото ги воодушеви луѓето
Топлото пријателство меѓу кучето и соседот предизвика бројни позитивни реакции во коментарите.
„Тоа е она што навистина е важно во животот“, напиша еден корисник.
„Навистина се обожаваат“, додаде друг.
„Преслатко ми е како уште од далеку му мафта со кесичката“, се пошегува трет.
„Искрено, и јас вака трчам кога некој ќе протресе кесичка чипс“, призна уште еден коментатор.