Заспала и не се разбудила: Тага во домот на Наташа Беквалац
Пејачката објави тажна порака
Наташа Беквалац ги растажи своите следбеници на Инстаграм објавувајќи статус посветен на Денот на напуштените животни (5 април).
Денес е ден на напуштените животни. До неодамна живеев со две, Јаца и Лана. Пред неколку месеци, Јаца заспа и не се разбуди. Осумнаесет години ми беше најдобра другарка, покрај неа проодеа моите ќерки, ми беше љубов која можат да ја разберат само оние што 18 години ја делат перницата со ваква муцка, со најпрекрасното куче на светот… Во моето срце ќе живее засекогаш. Мила е ретриверка, оставена на снегот сосе своите три кученца. Откако на нејзините деца им најдов дом, се соочив со нејзините тешки болести, вклучувајќи и срцев црв. Таа борба траеше две години, и денес таа е прекрасно куче. Сакав да ја дадам, наоѓајќи оправдание дека е куче навикнато на улица, дека немам време да и’ се посветам (долги прошетки, ретриверите сакаат активности), дека не е воспитана да живее во стан со деца, дека се митари… А таа… Доаѓајќи во нашиот стан како да знаеше дека и’ барам грешка… и не ја направи! Бараше само едно… Љубов… Денес, Мила е член на нашето семејство, целосно приспособена да живее во стан, толку е благородна и има прекрасна нарав,моите деца ги обожава, Лена онака… Значи, Мила останува, а едно е сигурно… Клучот е љубовта… Пронајдете ја во себе“, напиша Наташа Беквалац.
Фото: Инстаграм