Сцена како од филм: Киднапирале кучиња за да ги продаваат, но не го очекувале ОВА! (ВИДЕО)

Приказна за храброста која стана вирална

Храбриот корги Дапанг ги повел своите соседски кучиња на патување до дома долго 16 километри, откако биле киднапирани

Храбриот корги го воодушеви светот откако ги поведе своите шестмина пријатели од соседството на дводневно патување дома, откако биле киднапирани.

Корги бил украден од својот дом во мало село во рурална Кина, заедно со уште шест кучиња од соседството, вклучувајќи златен ретривер и германски овчар.

Бегство од комбето на смртта

Наводно, кучињата биле украдени за кинеска трговија со месо, но храбриот чопор успеал да ги изгризе кафезите и да побегне од комбето.

Предводени само од сетилото за мирис, тие тргнале на напорно патување долго 16 километри кон своите сопственици, штитејќи се меѓусебно на секој чекор.

За време на патувањето, се бореле со густиот сообраќај на автопатите и се снаоѓале низ пространите полиња пченица во Чангчун.

Строга формација

Групата ја предводел корги по име Дапанг, кој одел напред за да ги држи на вистинскиот пат, одлучен да ги врати своите пријатели кај нивните семејства. Во текот на целото патување кучињата се движеле во специфична формација, штитејќи го германскиот овчар, кој се здобил со сериозна повреда при бегството. Според очевидците, одбивале да го остават зад себе и правеле чести паузи за да може тој да земе здив.

Во меѓувреме, златниот ретривер имал улога на „стражар“ на чопорот, чувајќи го од опасности и поттикнувајќи ги другите да одат напред.

Видео што го обиколи светот

Еден возач ја снимил групата како се снаоѓа на автопат при враќањето дома, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Еден сведок изјавил за кинеските медиуми:

„Личат на група браќа во неволја, се движат сложно, воопшто не личат на кучиња скитници.“

Откако за два дена поминале 16 километри, користејќи ги само своите инстинкти, сите кучиња повторно се нашле со своите сопственици.

Сопственикот на германскиот овчар и златниот ретривер рекол:

„Многу сме среќни што се вратија и што не се изедени.“

Seven dogs stolen from their owners have gone viral after escaping from an illegal transport truck and making their way home. They traveled 10.5 miles/17 km together, led by a corgi across highways and fields, now safely back with their respective owners.
by
u/MysteriousSlice007 in
nextfuckinglevel

Интелигентен водич

Зборувајќи за храброста на својот миленик, сопственичката на коргито истакнала дека Дапанг бил познат по својата интелигенција и дека во ниту еден не се сомневала дека ќе го пронајде патот до дома.

Коментирајќи го виралното видео на Редит, еден корисник напишал:

„Пат до дома: Капетанот Корги пристигнува на Дизни+ ова лето.“

Друг корисник додал:

„Кај кучињата најмногу ми се допаѓа тоа што без оглед на расата или големината, сите тие знаат дека се кучиња и се согласуваат околу основните работи.“

Трет корисник се запрашал:

„Зар ова не личи како заплет од филм на Динзи?“, а друг се надоврзал:

„Дали е ова почетокот на новото продолжение на филмот ‘Пат до дома’? Постојано го гледав филмот кога бев помлад. Сè уште плачам секогаш кога Саси нема да се појави на брдото, иако го знам крајот. Најдобар филм за миленици!“

ФОТО: РЕДИТ

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе