Страшни џинови со нежно срце: 5 раси на кучиња кои изгледаат опасно, а всушност се прекрасни емотивци!

Идеални за семејства!

ФОТО: Shutterstock

Можеби изгледаат страшно, но преполни се со љубов и трпение

Секое куче е огледало на својот сопственик, без разлика за која раса станува збор. Но некои кучиња имаат малку застрашувачки изглед, но по карактер се вистински галеничиња!

1. Дога

View this post on Instagram

RepostBy @urgentdogsandcatsofmiami: "This beautiful girl is Cookie #A2029081. She's a black and white American Bulldog, that’s approximately 3 years old and weighs almost 80lbs. So if you like big mutts, she's your girl! She's a real sweetheart and has been tolerant of other calm, respectful dogs. She's been at the shelter for 2 months already. Come get her. @sit.snap.save . . . Contact: Miami-Dade Animal Services, 3599 NW 79th Avenue, Doral, Florida 33166 ☎️305-884-1101 or 📧 Pets@miamidade.gov with A#, to check: availability/status/request medical records. PLEASE REPOST/TAG/SHARE . "#dogs #pitbullsofinstagram #bullybreed #bestfriends #staffy #catsanddogs #pitbulladvocate #americanbully #fitness #dontbullymybreed #amstaff #cat #dogoargentino #bullys #pitbulllover #thaiboxing #americanbullys #boxing #catsofinstagram #pitbullnation #americanbulldog #pitbulllove #pitties #futbol #personaltraining #drummer #drums #ipittythebull #martialarts

A post shared by Rick S (@rsfit) on

Многу луѓе се плашат кога се во близина на овие џиновски кучиња, кои можат да пораснат и до 75 сантиметри и тежат околу 70 килограми, но всушност станува збор за кучиња со нежен карактер и многу љубов, кои се идеални за деца. Догите се многу дружељубиви и пријателски расположени кон другите животни, вклучувајќи и мачките.

2. Боксер

Овој дружељубив и весел пес е познат по својата способност да го расположи сопственикот во секоја ситуација. Тоа го прави така што се нуди за галење кога ќе почувствува дека неговиот сопственик е потиштен или тажен. Можеби делуваат опасно на прв поглед, но боксерите едноставно ги обожаваат луѓето и покрај големо место за живот, важно му е да има сопственик кој знае да му ја возврати  љубовта.

3. Ирски волчји хрт

View this post on Instagram

My lovie #irishwolfhound #baby #mylove #niceday

A post shared by Tiffany Minich (@tiffiann319) on

Едно од најголемите кучиња што постојат е воедно и едно од најмалку агресивните. Со оглед на тоа што добро се согласуваат со сите, не се добри чувари, но затоа се совршени семејни кучиња. Во минатото биле одгледувани за да ловат и да убиваат волци. Може да порасната и повеќе од 80 сантиметри и тежат околу 55 килограми.

4. Англиски булдог

Иако имаат опасен израз на лицето, под бројните брчки и опасен поглед се крие нежен емотивец што обожава луѓе. Оваа раса е многу трпелива и не бара истрчување, а многу се трпеливи и смирени и кон децата. Ако сакате вашето куче мирно да гледа телевизија со вас или да седи покрај додека си го пиете кафето, булдогот е миленикот за вас.

5. Леонбергер

Оваа раса била одгледувана за работа во Германија и личи на лав. Делуваат опасно, но карактерот не им е воопшто див и опасен, повеќе личи на домашно маче отколку на лав. Леонбергерот е послушен и лојален пес и токму таа негова карактерна особина го прави совршеното домашно милениче.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време