Снимка на куче во прошетка го „урна“ Интернетот: Дали вака се излегува на улица? (ВИДЕО)

Снимка на куче кое не оди на прошетка без својата омилена играчка го запали интернетот.

Една златна ретриверка од Њујорк ги освои сите со својот неодолив ритуал – на вечерната прошетка пристапува само ако во устата ја носи својата омилена кадифена играчка.

На видеото објавено на ТикТок се гледа како преслаткото куче весело мафта со опашот додека држи кадифено јагне во устата. Во краток рок, видеото собра повеќе од половина милион прегледи, а коментарите полни со восхит и смеа не престанаа:

„Кучето е тотален хит!“

„Боже, колку е среќно со својата омилена играчка!“

„Хахаха, гордо шета низ улица.“

„Преслатко и емотивно.“

@theghofer just a girl with her emotional support lamby #funnydogs #goldenretriever #fyp #nyc #dogmom ♬ In The Hall Of The Mountain King – Julian Gallant & David Tobin & Jeff Meegan

Стручњаците за однесување на животни објаснуваат дека кучињата, особено ретриверите, често носат предмети во устата поради инстинктот за носење плен, но и затоа што тоа им дава чувство на сигурност, слично како што омилената играчка или ќебе им дава утеха на децата.

Кај златните ретривери, познати по својата нежност, ваквото однесување е и природно и смирувачко.

Видео: Тикток

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе