Само за храбри: Кендал Џенер се пофали со своето ново домашно милениче (ВИДЕО)
Кендал Џенер е позната како личност која обожава животни, но нејзиниот последен избор на домашно галениче ги изненади сите нејзини следбеници на социјалните мрежи.
Имено, манекенката купила мала жолта змија, чие име се’ уште не е познато, и која е нејзин нов цимер, покрај доберманот.
Кендал се пофали на Инстаграм со своето ново молениче, кое го нарекува свој „син“, но изгледа нејзините обожаватели не се воодушевени од него и ја прашуваат зошто се одлучила токму за…змија.
https://www.youtube.com/watch?v=PXg0Qc0jzrk