Размислувате за мачка како домашно милениче? Еве зошто тие се навистина одлични

Неверојатни придобивки

На многумина мачките им се омилени домашни миленици, а нивните сопственици знаат дека и покрај погрешното верување дека се студени и не покажуваат доволно љубов, живеењето со нив носи големи придобивки.

Покрај тоа што се забавни и игриви, мачките можат да ни го олеснат животот, а ова се некои од причините зошто сите треба да им дадеме шанса како домашни миленичиња.

Тие помагаат при алергии

Децата кои растат со мачки се изложени на помал ризик од добивање алергии. Според Националниот институт за здравство, соживотот со мачки од рана возраст може да ја спречи појавата на вообичаени типови на алергии, како што се алергии на влакна и трева.

Тие ја чистат куќата од штетници

Мачките се природни предатори. Иако се домашни, тие сè уште имаат ловен инстинкт и ќе го исчистат вашиот дом од штетници како што се инсекти и глувци.

Тие ве прават попаметни

Истражувањето спроведено на универзитетот Керол во Висконсин докажа дека сопствениците на мачки имаат подобри резултати на тестови за интелигенција отколку сопствениците на кучиња.

Тие им помагаат на децата да учат социјални вештини

Мачките можат да имаат еден куп позитивни ефекти врз децата. Поседувањето мачка може да ги научи децата социјални вештини и да им помогне да се справат со трауматски ситуации.

 

Тие се идеални миленичиња за станови

Кога се подготвувате да патувате и да изнајмите стан, веројатно се прашувате дали можете да го внесете вашето домашно милениче во станот. Мачките се скоро секогаш добредојдени гости во становите бидејќи се тивки и не прават многу врева.

Грижата за нив чини помалку од грижата за куче

Грижата за мачки не чини толку многу колку за средно до големо куче, бидејќи им треба многу помалку храна, играчки и прошетки.

Тие се игриви

Дали некогаш сте се запрашале зошто мачките сакаат да играат? Бидејќи тие не ловат за нивната храна, се верува дека мачињата собрале енергија и ја ослободуваат за време на игра.

Не им пречи кога ќе ја напуштите куќата

Кога одите на работа и треба да го оставите вашето домашно милениче само, можеби ќе почнете да се чувствувате малку виновни. Сепак, мачките сакаат да бидат сами дома, а кога им е здодевно, едноставно заспиваат.

Тие се добри за вашето здравје

Истражувањата покажуваат дека мачките можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и да го намалат ризикот од срцев удар. Звукот на предење што тие го произведуваат исто така се смета за добар за здравјето затоа што има смирувачки, скоро терапевтски ефект врз некоја личност.

Можат да живеат долго

Загубата на домашно милениче е тешко да се поднесе, но многумина ќе бидат воодушевени од фактот дека мачките имаат многу долг животен век. Просечната мачка може да живее до 15 години.

Прочитајте и: Домашните миленичиња имаат бројни придобивки за здравјето на луѓето, а овие се само некои од најзначајните

 

ФОТО: Pixabay

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.