Никој не може да му одолее на ова куче: Ова е најпопуларната раса на светот!

Најверниот пријател

Не се вели залудно дека кучето е најдобриот пријател на човекот

Врската помеѓу кучето и човекот трае повеќе од 40.000 години и кучето било првото животно што човекот го припитомил. Денес, постојат повеќе од 300 кучешки раси, а едно куче го држи првото место како најпопуларно.

Лабрадорот ретривер е најпопуларното куче на светот, а дури и оние што не се толку слаби на кучиња се разнежуваат кога ќе го здогледаат овој убавец. Кучето е одгледувано за физичка работа, односно за собирање предмети во вода, а освен тоа, заедно со златните ретривери најчесто се користат за тераписки цели како кучиња водичи и кучиња трагачи.

Овие прекрасни кучиња се стабилни, топли и пријателски настроени, многу смирувачки дејствуваат на човекот, многу се лојални, интелигентни и лесни за тренирање. Најсреќни се кога се во друштво на човек и вистински пример се за тврдењето дека кучето е единственото суштество што ќе ве сака повеќе одошто се сака себеси.

Славно е и по својата интелигенција, приврзаност, емпатија, трпение и префинетост, поради што е идеален домашен миленик за семејство со деца.

Лабрадорите ретривери се самоуки кучиња – го набљудуваат однесувањето на луѓето и го имитираат. И покрај тоа што се навистина големи (во висина растат до 55 см, а тежат од 30 до 45 кг), среќни се и во помали домови, но треба редовно да ги шетате.

За припадниците на овие кучиња полни со љубов никој не е странец. Пријателски расположени се кон сите, а ентузијастични се за активности како пливање, фаќање топче, помагање на луѓе со телесни потешкотии и за запознавање нови кучешки пријатели.

Листа на десет најпопуларни кучешки раси во светот:

1. Лабрадор ретривер

2. Германски овчар

3. Златен ретривер

4. Булдог

5. Бигл

6. Пудла

7. Француски булдог

8. Боксер

9. Јоркширски териер

10. Ротвајлер

Колку цврсто се врзуваат кучињата за својот сопственик: 4 причини зошто таа врска е нераскинлива!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.