Мачкиниот поглед е многу опасен за човекот: Еве што може да ви се случи ако долго гледате во мачји очи!

Верувале или не

Предвидувачите и биоенергетичарите советуваат да го одбегнувате мачкиниот поглед

Мачките се необични суштества кои можат да воспостават врска помеѓу световите, а мачкиниот поглед има хипнотички својства. Мачките се опкружени со мистерија и мистика, па се имаат појавено разни легенди и суеверија за овие домашни миленици.

Мистериите за мачките настанале во древни времиња, кога луѓето овие суштества ги поврзувале со натприродни сили. Легендите зборувале за невидливата поврзаност на мачките со другите светови, непристапни за човечкиот вид и разбирање.

Луѓето верувале дека мачките можат да фаќаат и да пренесуваат информации. Се верува дека мачкините очи имаат хипнотички својства: го зашеметуваат човекот и го фасцинираат, па затоа мачкиниот поглед е опасен.

Според некои верувања, не би смееле да ги гледаме мачките в очи, бидејќи тоа може да доведе до губење на виталната енергија.

Исто така, се верува дека мачката има способност да ја предвидува иднината. Се верува дека гледа што го чека нејзиниот сопственик. Ако се загледате во мачкините очи, можете да ја промените иднината, но никој не знае точно како.

Некои луѓе веруваат дека мачката се претвора во демон во оној момент кога премногу долго гледате во нејзини очи, па тој поглед може да ве префрли од овој свет на другиот.

Многу верувања зборуваат за тоа дека црните мачки имаат моќ да му го одземат разумот на човекот или душата, па се смета дека долгиот поглед во мачкини очи може да го наведе човекот да полуди и да страда од страшни визии.

Секако, речиси невозможно е да се обезбедат факти кои би ги потврдиле горенаведените верувања, меѓутоа, гатачите и биоенергетичарите тврдат дека мачкини очи се полни со опасности.

Размислувате за мачка како домашно милениче? Еве зошто тие се навистина одлични
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.