Лила Филиповска касната од своето домашно милениче (ВИДЕО)
Ова не го очекуваше од него
Откако Рагнар пристигна во нејзиниот дом, популарната водителка Лила Филиповска стана вистинска „мачкарка“. Таа не ја крие љубовта кон своето домашно милениче, од кое често споделува фотографии и видеа на својот инстаграм-профил.
Меѓутоа ни Рагнар не ја крие љубовта кон својата газдарица, па така во најновото видео, кое осамна на профилот на водителката, ја „бакна“ во образот.
Познавачите на мачките тврдат дека на овој начин Раки ја покажал љубовта кон Лила.
Видео: Инстаграм