Кучињата ни го прават светот целосен: Кога би можеле да зборуваат, нашите миленици би ни ги кажале овие работи!

Задолжително прочитајте!

Ова се 12-те молби на едно куче…

1. Мојот живот трае од 10 до 15 години. Секоја разделба од тебе, за мене е страдање. Размисли за тоа пред да ме земеш.

2. Сакај ме такво какво што сум, затоа што ти си ме одбрал. Јас ја немам таа можност да бирам пријател и господар.

3. Дај ми време да разберам што бараш од мене, пред да ме искараш. Преиспитај се себеси, можеби ти грешиш или јас не можам да сфатам што сакаш.

4. Сакај ме, јас живеам од твојата љубов.

5. Не ми се лути и не казнувај ме. Ти имаш своја работа, свои пријатели, свои хобија, а јас те имам само тебе.

6. Разговарај со мене! Без разлика што ти се чини дека не те разбирам, јас сепак знам што мислиш и што чувствуваш.

7. Знај дека не заборавам како си постапувал со мене.

8. Пред да ме удриш, размисли дека јас лесно можам да те гризнам, но никогаш не го правам тоа.

9. Не земај ме како играчка, додека сум мал и сладок за подоцна да ме отфрлиш, бидејќи мојата љубов кон тебе е вечна.

10. Грижи се за мене кога ќе остарам, кога ќе останам без заби, кога ќе оглувам и ќе престанам да се движам. И за тебе ќе се грижи некој, староста е иста за сите!

11. Би со мене до последен момент. Никогаш немој да кажеш „не можам да го гледам тоа“ или „направете го тоа без мене“. За мене, сè е полесно кога сум со тебе. Нека биде тоа твојот долг за мојата верност.

12. Кога веќе ќе ме нема, немој да тагуваш, туку усреќи некое друго куче и сакај го како што ме сакаше мене.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.