Истражувањата потврдуваат: Подобро да спиете со куче отколку со сопруг!

Често се дебатира дали спиењето со домашни миленици е добро – и една студија отиде чекор подалеку …

Ако барате добар изговор за посвојување домашно милениче, вие сте на вистинското место. Веќе знаете дека кучето е најдобар пријател на човекот и дали знаевте дека една студија покажува како може да биде и вашиот најдобар партнер за спиење?

Но, пред да ја исфрлите вашата подобра половина од креветот, сепак прочитајте какви придобивки може да ви донесе сонот заедно со куче.

Минатогодишното американско истражување донесе одлични вести за сите љубители на кучиња: повеќето жени спијат подобро покрај своите кучиња отколку мачките или животниот партнер.

Во американското истражување биле вклучени дури 962 жени, од кои приближно половина спиеле со најмалку едно куче, 1/3 со мачка и повеќе од половина со партнер (човек). Жените кои спијат близу до своите кучиња пријавиле повисоко ниво на удобност и безбедност бидејќи кучињата се заштитнички и можат да откријат опасност долго пред мачките или луѓето. Кучињата исто така можат да развијат поздрави навики на спиење затоа што, за разлика од мачките, тие спијат околу 75% од ноќта.

Извинување до сите љубители на мачки, но тие можат да го нарушат спиењето исто како и партнер, и тие не освоија многу поени во областа на безбедноста и удобноста.

Од друга страна, ако не сте љубител на животни во кревет, постои и студија која покажа дека луѓето спијат подобро додека нивните кучиња се во иста просторија, не мора во кревет. Исто така, тоа е одличен начин да поминете квалитетно време со крзнените пријатели ако луѓето ги оставаат сами поголемиот дел од денот.

Прочитајте и: Дали знаете дали вашето домашно милениче спие доволно?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.