Фелинотерапија: Кога мачката се претвора во доктор

Необичен лекар

Терапијата со мачки е сѐ попопуларна во целиот свет. Докажано е дека предењето може да произведе посилно магнетно поле отколку најновата медицинска технологија, а вибрациите до кои доаѓа во таа пригода имаат терапевтско дејство на луѓето. Масажата со канџите по ефект е слична на акупунктурата, а телесната температура овие миленичиња ги прави најдобри, меки и комплетно безбедни „термофори“.

По правило, мачките се во состојба да го „дозираат“ количеството негативна енергија што го примаат од нас и навреме го напуштаат болното место за да не преземат на себе повеќе отколку што можат да поднесат. Но дури и возрасните животни може да се „занесат“ (или премногу нѐ сакаат), па да не ја направат паузата што им е потребна. А што да кажеме за маче што е многу послабо!

Животните може сериозно да страдаат кога помагаат во случај на тешки заболувања (на пример, онколошки). Благодарение на нив, на сопственикот му е подобро, но тие ризикуваат да заболат тешко или дури и да умрат – за жал, постојат и такви случаи.

Затоа сите сопственици ги молам, кога ќе почнат да практикуваат фелинотерапија, да се грижат за своите влакнести лекари! Овде, притоа, не мислам на болни зглобови и слични проблеми, каде што мачката долго може да спие на болното место без сериозни последици за неа. Меѓутоа, доколку станува збор за некое сериозно заболување или силни болки, не дозволувајте му на малиот помошник да помине на болното место повеќе од 10–15 минути. Задолжително направете пауза минимум половина час, бидејќи продолжувањето на времето би можело да биде кобно за вашиот миленик.

Општо е познато дека сфинкс-мачките ги лекуваат проблемите на еден од најважните органи – црниот дроб. Покрај тоа, се сметаат и за „лекари за сѐ и сешто“. Помагаат за лекување разни заболувања, особено во првите фази на болеста. Тие може да соберат многу негативна енергија а себеси да не си наштетат. Руските научници дошле до заклучок дека, ако во домот имате сфинкс-мачка, ќе живеете 10 години подолго. Тие го снижуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од срцев удар.

Мачките се мистериозни суштества

За мачките е карактеристично тоа што се враќаат дома каде и да одат. За да го објасни тоа подетално, американскиот научник Ф. Морел спровел истражување на мозокот на овие животни: им вградил електроди, кои биле приклучени на радиопредаватели. Електродите се наоѓале во делот на мозокот одговорен за видот. Научникот бил вчудовиден кога се покажало дека дури и кога ѝ се затворени очите на мачката – стрелките на инструментите покажуваат импулси во мозочните клетки. Навистина, во тоа време на животните им биле пуштани одредени звучни сигнали нечујни за човечкото уво. Се покажало дека околу половина од нервните клетки на мозокот одговорни за вид реагирале и на звуците. Истражувањето уште не е завршено, но веќе може да се заклучи дека мачките се единствени суштества на планетата со т.н. „очен слух“.

Подготвила: Олга Листева, ветеринарка

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.