Кога кучето ќе ја стави шепата на вас, тоа може да значи љубов, анксиозност или желба за игра
На повеќето сопственици на кучиња веројатно им се случило кучето да ја стави шепата на нив. Експерт објаснил што се обидува да ви каже кучето со овој гест.
Покажува љубов
Ако вашето куче ја стави шепата на вас, тоа може да биде негов начин на искажување љубов.
„Со тоа што ја става шепата на вас додека го галите, кучето го продолжува контактот и го возвраќа вниманието“, објаснила дресерката на кучиња Ребека Форест.
Животното е загрижено
Иако овој гест може да се протолкува како знак за љубов, допирањето со шепата може да биде поврзано и со други чувства, меѓу кои и анксиозност.
„Обрнете внимание на целиот говор на тело на вашето куче“, советува Форест.
Ако вашето куче покажува знаци на анксиозност, како што се оближување со усните, зевање и спуштени уши, тоа може да значи дека се чувствува несигурно и дека бара утеха и блискост.
Миленикот е гладен
Кога вашето куче е гладно, може да почне да кружи околу вас, да лае, да ги турка чиниите со храна, внимателно да ве набљудува и следи, да лиже и џвака предмети, да покажува зголемена будност и да цимоли.
Кучето сака нешто
Кога вашето куче ќе ја стави шепата на вас, можеби се обидува да ви каже дека сака да си игра, дека треба да излезе надвор, дека треба да му ја дополните чинијата со вода или да му подадете играчка што не може да ја дофати.
Во повеќето случаи, можете точно да протолкувате што ви порачува кучето врз основа на неговото целокупно однесување.
Како што се наведува во текстот, разбирањето на причините зошто кучето ја става шепата на вас, ќе ви помогне подобро да комуницирате со вашиот четириножен пријател.
ФОТО: Pexels