Чекор кој никако не смееме да го правиме кога се приближуваме до кучето: Ова однесување ги вознемирува

Говор на тело

Кучињата комуницираат со луѓето најчесто преку говорот на телото.

Кучињата покажуваат страв и агресија со тресење, свиткување на телата, гледање настрана и виткање на опашката меѓу нозете. Најчесто кучињата покажуваат агресивно однесување кога се исплашени, што е прилично збунувачки за луѓето. Иако можеби посакувате да знаете како да натерате агресивно куче да ви верува, тоа нема да биде секогаш можно и понекогаш е најдобро да го оставите кучето на мира.

Неопходно е да се биде многу внимателен кога се приближувате до срамежливо, исплашено или агресивно куче. Вашиот говор на телото е исто толку важен како и нивниот. Ако кучето покажува знаци дека може да ве касне, најдобро е да се повлечете. Ако мислите дека кучето ќе ви дозволи да му пријдете, можете да ги испробате следните совети за да ви биде полесно.

Не се навалувајте над кучето – Кучето кое веќе е вознемирено може да стане уште повеќе ако се надвиснете над него. Можеби не се гледате себеси така, но сте многу повисоки од него и му делувате застрашувачки поради вашата висина, дури и кога само стоите исправено.

Спуштете се на ниво на кучето – Најдобрата положба во која можете да се обидете да му пријдете на кучето е клечењето, односно кога ќе се спуштите на неговото ниво. Никогаш не влегувајте во неговото лице, туку обидете се да дејствувате што е можно помалку и и со самото тоа побезбедно. Во најидеален случај, седнете на подот и дозволете му да ви пријде.

Свртете се на ваша страна – Кучињата навистина не сакаат директни конфронтации. Иако луѓето не се поздравуваат со вртење на страна, бидејќи добрите манири налагаат да се гледаме в лице кога го правиме тоа, тоа е друга приказна со кучињата. Исплашеното куче во таков случај би можело да ве доживее како закана.

Свртете го погледот – Повеќето луѓе го ценат воспоставувањето контакт со очи кога зборуваат, но кучињата сметаат дека тоа е заканувачки. За да изгледате помалку страшно за исплашеното куче, обидете се да го тргнете погледот од него.

Зборувајте му со тивок весел тон – длабоките тонови можат уште повеќе да го исплашат кучето поради што е вознемирено. Кога сакате да му се обратите на такво куче, обидете се да изгледате весело и да не зборувате премногу гласно.

Не ги форсирајте нештата – Без оглед на ситуацијата што предизвикала страв кај кучето, никогаш не треба да ја форсирате интеракцијата со кучето. Треба да бидете сигурни дека тој се чувствува безбедно покрај вас, а не да бидете дополнителен извор на неговиот страв. Во спротивно, ризикувате да ве касне кучето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.