До темел изгоре кафеаната на македонскиот пејач и водител на „Мерак меана“, Трајче Толески! (ФОТО)

Трајче се огласи и на својот профил на Фејсбук...

До темел изгоре кафеаната „Камин Кама“ во скопската населба Ѓорче Петров на македонскиот музичар и водител на емисијата „Мерак меана“, Трајче Толевски или помеѓу колегите и публиката познат како Трајче Мајка.

Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како центарот за забава на македонската фолк естрада, пишуваат тие.

И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле целиот објект.

Засега не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета се додека не се направи проценка на истата.

Според првичните проценки штетата е огромна, што е евидентно и на самото место каде објект речиси и нема.

Трајче се огласи на својот профил на Фејсбук, каде објави и фотографии од опожарената кафеана.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.