БРАВО: Преубавата манекенка Андријана Илиоска учествуваше на најголемиот настан во историјата на модата! (ФОТО)

Таа беше дел од настанот на брендот „Moncler“

Вчеравечер во Милано Италија, се одржа најголемиот настан во историјата на модата, имено историскиот бренд „Moncler“ го прослави својот 70-ти роденден со голема манифестација и голема модна ревија во срцето на Милано, на пијаца Дуомо.

Ова беше еден од најочекуваните настани на оваа модна недела каде што на модната писта, а пред јавноста настапија 700 танчери, 200 музичари, 100 хористи и 952 манекенки, меѓу кои единствена од Македонија беше манекенката Андријана Алиоска.

„Овој настан беше дел од Milan Fashion week, односно модна недела во Милано која што започна на 20-ти и ќе трае се до денес (26-ти септември). Ова е првпат во историјата на модата да се случува толкав настан на кои што учевствуваат толку луѓе и токму јас имав чест да ја делам пистата со нив“ – ни изјави Алиоска.

Инаку убавата манекекна веќе шест месеци живее во Милано, каде е член на модната агенција „ABC Models Milano“.

Инаку Андријана досега соработувала со доста големи брендови од светот на модата, меѓунив ќе ги спомнеме: Umbro, K-way, Tezenis, Intimissimi, Max Mara, Golden Point и други…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.