„Беше болна, не ме препозна“: Жељко Самaрџиќ откри дека разделбата со неговата мајка била премногу болна! (ФОТО)

Пејачот редовно се сеќава на таа нивна средба...

Фото: Инстаграм

Популарниот пејач Жељко Самарџиќ открил дека талентот за пеење го наследил од неговата мајка, а песните кои му ги пеела она во детството, биле знак за распознавање во моментите кога била тешко болна и не била свесна.

– Татко ми немаше слух, а мајка ми пееше преубаво. Низ нејзините песни ги научив сите севдалинки. „Некаде во далечина ми се губи погледот“… Дури и на еден концерт ја отпеав во нејзина чест. Тоа беше годината кога таа почина тоа беше морална обврска. Ми беше тешко да пеам, ми се стегаше грлото – открил Самарџиќ во една емисија.

– Можеби е тоа песна со која се разделив од мајка ми. Имаше мозочен удар и не беше свесна. Се сеќавам кога бев во Никшиќ да ја посетам ја држев за рака и она ми кажа: „Господине, дали ќе ме покриете со кебето“. Кога и кажав дека сум јас, нејзиниот Жељко не ме препозна. Потоа и ја запеав таа песна. Јас почнав, а одеднаш таа дојде при свест. Тоа беше тешка и болна разделба. Секогаш го паметам тоа. Кратко после тоа, таа почина – рекол Жељко.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.