Бербер шоу во Скопје: Саја Мајстор и „Cosmos group“ ги собраа најдобрите во Македонија! (ФОТО)

Погледнете како беше на овој настан...

Викендот што измина, поточно во саботата во хотел „Мериот“ во Скопје се одржа спектакуларно шоу за бербери, организирано од „Cosmos Group“ и „Red Onе“ и „Redist“.

Познатиот и светски признат бербер од Белград, Саја Мајстор одржа тричасовно шоу пред стотина бербери од нашата земја. Интересни фризури, цртежи на коса и разно-разни техники кога се работи за потстрижување беа само дел од она што познатиот виртуоз на ножички го презентираше пред присутните во салата.

По завршувањето на шоуто на Саја, десетина бербери ги одмерија силите и сите во исто време потстрижуваа модели и на тој начин ги покажаа своите вештини.

По нивниот натпревар требаше да биде избрани најдобрите бербери помеѓу нив, но жирикомисијата составена од Бубе Ин, Тоше Станче, Саја Мајстор и Рера, решија сите да бидат прогласени за победници, бидејќи сите натпреварувачи беа маестрални во тоа што го направија со нивните модели, а сите од нив добија и дипломи потишани од гореспоменатата жирикомисија.

На ова четиричасовно шоу сите присутни добија и вредни подароци од „Cosmos Group“, „Red One“ и „Redist“, кои како организатори ветија и во иднина вакви или слични збиднувања.

Погледнете како беше во саботата на „Бербер шоу – Саја Мајстор“:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.