Астрологот тврди дека Северина му се заканувала, тој ја покажал и пораката: „Имаше шанса да бидеш човек“…

Познатата пејачка очигледно не сакала да ги слуша лошите работи...

Фото: Принтскрин

Астрологот Душан Величковиќ во средина на скандалот помеѓу Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ одлучил да ја потсети јавноста за наводните закани кои Севе му ги испратила во 2016 година.

Како што објаснил, пејачката наводно му пишала смс-порака со заканувачка содржина, бидејќи била изреволтирана од неговото астролошко предвидување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Во пораката која јавно ја покажал, пишува:

– Еве, што јас тебе ти претскажувам… Многу логично, како што завршиле сите лоши како тебе… Нема да поминеш добро, бидејќи лошо зборуваш за луѓето, а Господ се гледа. Имаше шанса да бидеш човек, а ти се играш со Господ. Срам да ти биде – гласела содржината на пораката.
Величковиќ потоа објаснил која била причината зошто дошло до тоа.

– Јас работев со Северина со години, оваа порака ми ја испрати за тоа што и претскажав дека ќе се раздели од Игор и дека нема да имаат дете. Ја знам Северина од 2010 година, додека беше со Милан. Таа мислеше дека јас не ја сакам поради тоа што и реков дека нема да остане со сопругот. Таа започна да ми се заканува. Северина по натална карта е родена да биде јавна личност, но спорно е тоа што не може да се помири со вистината, таа сака да слушне само тоа што неа и одговара – раскажал астрологот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.