Андреа не влезе во финалето на „Евровизија“, но „растури“ на сцената во Торино! (ВИДЕО)

Браво девојко!

За жал македонската претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ не влезе во финалето на Евровизија.
Нашата претставничка настапи синоќа во второто полуфинале од изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Торино.

Од 18-те земји што се претставија на втората полуфинална вечер во финалето продолжуваат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.

Од првото полуфинале што се одржа на 10 мај, во финалето влегоа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

И покрај тоа што Андреа не успеа да влезе во финалето, мора да се признае дека таа имаше феноменален настап на големата евровизиска бина…

Погледнете го настапот:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.