Алек Болдвин ги растажи следбениците: „Срцето ми се скрши илјада пати минатата година, доаѓаат промени“ (ВИДЕО)

Искрено...

Американскиот актер Алек Болдвин се наврати уште еднаш на инцидентот кој му се случи минатата година, кога на снимањето на филмот „Rust“ ја усмрти на сет колешката Халина Хачинс.

Тој пред неколку дена откако го доби осмото дете, се огласи на Инстаграм каде јавно се заблагодари на семејството, бидејќи тоа го „одржало во живот“ по страшната трагедија која му се случи.

„Срцето ми се скрши илјада пати минатата година. И работите во мојот живот никогаш нема да бидат исти“ – започнал актерот.

„Многу промени доаѓаат, но моето семејство ме одржа во живот. Тие се мојата причина за живот“ – продолжил, со оглед на тоа дека тој може да се соочи со казнена пријава за пукањето.

Болдвин ова го напишал на фотографија со неколку од своите деца, а сподели и фотка од сопругата Хилари, која таа ја објавила после породувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.