Адел во милионскиот дом чува исплукана мастика во рамка од нејзина колешка!
Пејачката кажала дека е нејзин фан...
Пејачката Адел открила дека во својот луксузен дом чува врамена, исплукана мастика од својата колешка Селин Дион.
Имено, таа ја угостила екипата на „Vouge“, која ја прошетала низ собите, а потоа одговарала на 73 прашања.
View this post on Instagram
Во еден момент за време на снимањето покажала рамка во која се наоѓа исплукана мастика на Селин Дион.
Вели дека ја добила од Џо Корден, водителот на популарната емисија „Карпул Караоке“.
– Џо знае дека сум голем фан на Селин Дион, па кога ја снимале емисијата тој ја натерал да ја исплука мастиката и потоа ја врамил за мене – рекла Адел во видеото.