Време е за релаксирање и уживање во „Табоко“ – 100 проценти природни масажи, за 101 процент резултати

До здравје и среќа преку масажа!

Иако можеби првата помисла кога ќе го слушнете зборот “масажа” би била релаксација, масажите имаат многу повеќе бенефити за вашето физичко и психичко здравје. Тие се сметаат за корисни терапии во конвенционалната и алтернативната медицина, а најдобрите масажи во Скопје можете да ги најдете во новоотворениот центар за релаксирање и масажи „Табоко“ кој што е стациониран во објектот „Сити Гарден“. Освен стандардните премиум масажи, „Табоко“ нудат и масажи со бамбус и оклагии, нешто што е новитет кај нас, а го практикуваат сите познати холивудски дами. Во продолжение следува краток разговор со Бојан Макревски, физеотерапевт во „Табако“…

„Табоко“ од неодмна како новитет ја воведе и масажата со оклагии, односно популарната мадеротерапија, која што ја практикуваат сите холивудски ѕвезди. Што всушност претставува истата?

– Можеби не сме први што ја воведовме оваа масажа али деф. Ги имаме првите и најдобри мадеро-терапевти на едно место. Многу луѓе не се свесни за ефектот од мадеро-масажата, но таа пред се има медицинско дејство и со самото тоа е добра и за жени и за мажи. Не е класична антицелулитна затоа што делува на длабокото ткиво на секој мускул и ја разбива мускулната киселината, помага во циркулацијата, прави тонус и затегање , го забрзува метаболизмот, го стимулира лимфниот систем, исфрла токсини и делот што најмногу го сакаат жените согорува масти, разбива целулит и намалува во обем. Тука веќе доаѓаме и до антицелулитната масажа која што ни е заштитен знак. Антицелулитната мадеро масажа обезбедуваат интезивен притисок на целулитот и намалувањето на масните наслаги. Веќе сме докажани со резултатите кај многу жени, кој што секојдневно ги имаме се повеќе.

Дали резултатите се видливи после само неколку масажи и дали истите се безболни?

– Во нашиот центар може да се ослободите од сите типови на целулит (едематозен, фиброзен, склеротичен…) и резултатите ќе ги забележите после три масажи. Болката е индивидуална и ја има на првите 2/3 масажи додека да се навикне телото, секако сакаме да напоменеме дека таа болка е дозирана и во граници на нормала (никој се нема откажано поради болка и сите информации дека болката е неиздржлива се од клиенти кој што биле кај нестручни терапевти). Најважно за нас е клиентот да биде задоволен со својот постигнат резултат, затоа што нивните резултати се наш најголем показател за работата што ја работиме.

Новитет е и курсот за мадеротерапија кој што стартува наскоро во просториите на „Табоко“. Кажи ни нешто повеќе околу тоа?

-Обуките за Мадеро масажите и Бамбус масажите во нашата компанија се дизајнирани за сите идни професионалци, односно за сите ученици кои го сакаат овој вид на мануелен труд, со кој сигурно ќе биде полесно да се дојде до работа, како во салони, спа центри, така и преку можност за отворање самостојно работно место во кое ќе можат да им дадат на клиентите сè она за кое ќе бидат обучени.Едукацијата опфаќа различен број часови и модули, во зависност од техниката.  За посета на курсевите не е потребно претходно предзнаење на некоја масажна техника, бидејќи се трудиме масажните техники да ги совладаме на часовите и вежбите кои ние ги организираме. За полесно совладување на материјата секој учесник добива и материјали кои ќе му помогнат во учењето и повторувањето на содржините. Курсевите-едукациите опфаќаат теоретски и практичен дел, но поради стандардите по кои работиме, особено значење даваме на практичниот дел. Наставата ја држат стручни едукатори во својата област, кој што се лиценцирани од европските велнес центри.

Мадеро ОБУКА ( антицелулитна мадеро, мадеро дренажа, спортска мадеро, медицинска мадеро)

Бамбус ОБУКА (slimming bamboo, бамбус дренажа, тајландски техники, кралска масажа со бамуси)

Професионалните материјали за работа со секоја обука следуваат гратис. За повеќе информации во врска со обуките може да не исконтактирате во нашата компанија.

Какви други типови на масажи нудите во „Табоко“?

-Покрај основните масажи Спортска, Ароматична, Медицинска во нашиот центар ја имаме и една од најстарите кинески традиционални масажи, а тоа е TUI NA масажа која што представува еден вид на акупресурна масажа. Самата масажа ја имаат користено пред 2000 години и го стимулира крвототкот и енергијата во телото. Некој велат дека тајната на мазното лице лежи токму во оваа масажа. Бамбус масажите се новитет кој што го немало кај нас посебно SLIMMING BAMBOO техниката на подигање на задник кој што го нудиме само ние во нашиот салон, а е една од најстарите антицелулитни масажи во светот со веќе докажани резултати.

Дали подготвувате и некои други интересни новитети за вашите клиенти, што да очекуваме?

-Како новитет веќе може да се пофалиме и со SPA FISH третманите кој што нарендиот периот сите клиенти што ќе дојдат на некоја масажа може да ги направат гратис. Сакаме да ги истакнеме и новите масла за масажа кој што се 100 проценти природни и есенцијални. Ги имаме во поголем избор како: ванила, диња, манго, јагода, лаванда, зелен лимон, океан, сандаловина… Новитетите нема да застанат и во наредниот период се со цел да ги задоволиме потребите на нашите клиенти за 100 проценти природни масажи и нула проценти целулит.

Разговарала: Арсова Јасмина

Повеќе информации за „Табоко“ можете да најдете на нивната официјална страница на “Инстаграм“ – tabokoo

 

 

 

 

 

 

 

 

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.