Зошто трансмастите му штетат на нашето здравје?

Заменете ги со здрави масти!

Трансмастите или штетните маснотии се составен дел на многу хранливи продукти што можат да се купат на полиците во супермаркетите ширум светот. На амбалажите на производите овие штетни материи се нарекуваат „хидрогенизирани растителни масти“.

Трансмастите се полинезаситени растителни масла, кои се преработени за да бидат постојани на собна температура. Тие се едни од главните виновници за зголемување на бројот на дебелите и депресивни луѓе, бидејќи влијаат на зголемување на вкупниот холестерол во крвта и предизвикуваат болести на срцето и на крвните садови.

Го влошуваат проблемот што се смета за главен фактор за скратување на животниот век – поттикнуваат да се произведува повеќе инсулин отколку што е потребно за да може гликозата да влезе во клетките и да се користи како енергија, истовремено правејќи ги црвените крвни клетки чувствителни на инсулин.

Инфо-плус:  ф’стаците се еден од најдобрите извори на стерол – материја што ја редуцира апсорпцијата на холестеролот за 7%, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања за 14%.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.