Зошто ПМС со годините станува подолг и поинтензивен и како можете да го држите под контрола?

Корисни совети

Многу жени доживуваат предменструални симптоми како што се интензивни болки во градите, надуеност и промени во расположението.

Овие симптоми, заедно со болка во долниот дел на грбот и јајниците, се интензивираат кога се приближуваме до менструацијата и со неа си одат. Се разбира, постојат одредени медицински состојби како што е ендометриоза, кога ПМС ги има сите горенаведени симптоми плус гадење и измачувачка болка. Но, околу 90% од жените во светот чувствуваат барем некаков симптом, додека 20 до 40% од нив чувствуваат сериозни знаци на ПМС. Како што старееме, нашите хормони се менуваат и ПМС може да стане уште поинтензивен и долготраен отколку во помладите денови, болката може да стане посилна и се чувствуваме „неспособни“ за 2/3 од месецот.

Зошто е тоа така?

Хормонални промени

Ако се приближувате до менопауза, нивото на хормони може да биде одговорно за се поизразените симптоми. Истражувањата покажуваат дека жените кои страдаат од тежок ПМС на помлада возраст имаат потежок премин кон менопауза подоцна во животот. Било какви хормонални промени во телото може целосно да го променат нашиот ПМС, па дури и да доведат до главоболки, многу лошо расположение и постојана болка.

Ако не сте блиску до менопауза, тогаш е многу важно да разговарате со вашиот лекар затоа што може да бидат вклучени и други проблеми. Полицистичните јајници, ендометриоза и разни гинеколошки состојби можат да влијаат на промената на нивото на хормоните во организмот, па затоа е многу важно да се направи преглед.

ФОТО: Getty Images

Исто така, ПМС може да ги влоши постојните здравствени проблеми, така што доколку имате некој од следниве симптоми, со поголема веројатност имате и посилен ПМС:

Депресија или вознемиреност

Менталните проблеми многу добро можат да се влошат за време на ПМС и менструацијата заради големата промена што се случува во организмот.

Депресијата е честопати поврзана со физичка болка, еве како да ја препознаете

Синдром на иритирани црева

Грчевите и надуеноста што доаѓаат со оваа болест може да бидат уште полоши за време на ПМС.

Воспаление на мочниот меур

Ако веќе имате воспаление на мочниот меур, знаете колку е болно и може да биде уште полошо за време на ПМС.

Синдром на хроничен замор

Некои истражувања покажуваат дека жените кои го имаат овој синдром имаат поголема веројатност да крварат многу пообилно и имаат многу посилен ПМС од оние без синдром.

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.