Знаци дека сте имале корона, и тоа без да знаете!

Секогаш не се толку очигледни...

Повеќе од 190 милиони луѓе го прележале коронавирусот од 2019 година досега, според СЗО (Светска здравствена организација). Сепак, многумина биле заразени без воопшто да го знаат тоа.

Без тест за антитела, тешко е да се утврди дали навистина сме имале ковид-19, но некои симптоми се јасни показатели дека сме го прележале коронавирусот без да знаеме.

Знаци што укажуваат на ковид-19

Нема сигурни индикации дека сте имале коронавирус, но некои општи симптоми што може да го потврдат ова се:

Прочитајте и:

Кои се најважните предуслови за незаборавна филмска вечер?

– болки во телото
– кашлица
– течење од носот
– замор
– треска или температура
– главоболка
– гадење
– губење на вкус и / или мирис
– изменето чувство за вкус и мирис
– отежнато дишење
– повраќање
– хроничен замор
– тешкотии при дишењето
– когнитивни тешкотии
– болки во мускулите
– срцебиење
– проблеми со варењето
– необјасниво опаѓање на косата

Некои луѓе, исто така, развиваат симптоми како што се: црвенило на очите, зголемено солзење или секреција од очите.

Сепак, сите горенаведени симптоми можат но и не мораат да бидат знаци дека сте имале корона. Повеќето симптоми се исто така поврзани со обичен грип или настинка.

Најдобар начин навистина да одредите дали сте имале корона е да направите тест за антитела.

Текст: Lepota i zdravlje

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.