„Жените постари од 50 години се вишок на овој свет, еве зошто“: Доктор Елена Малишева го шокирала целиот свет со својата изјава!

Контроверзна Русинка

„За жал, понежниот пол обожава кога самиот си копа гроб со виљушка и лажица“, нагласила Елена

Контроверзната Русинка Елена Малишева, физијатар и автор на популарната руска емисија „Да се живее здраво“ е позната по остриот јазик, јасниот став и по малку непромислените изјави со кои често ја навредува публиката.

Последен пат го направила тоа пред неколку дена, изјавувајќи пред милионска публика дека жените постари од 50 години се вишок на овој свет.

Откако разгневила многумина, Елена го појаснила својот став.

„Жените сами си го скратуваат својот животен век. Жените треба да раѓаат, а не само да јадат. За жал, понежниот пол обожава сам да си копа гроб со виљушка и лажица“, рекла Елена, која е познат заговорник за вежбање, правилна исхрана и оптимална телесна тежина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Елена Малышева (@malysheva.live) on


Водителката јавно ги искритикувала жените на возраст од 55 до 57 години, бидејќи според статистичките податоци, тие најмногу ги пополнуваат бројките во групата најгојазни.

„На крајот сфатив дека дебелината ги носи непотребните луѓе од овој свет“, вели Елена алудирајќи на тоа дека ако на човекот воопшто не му е мил животот и со задоволство се труе со прекумерна храна, според неа, не ни заслужува да живее долго.

Светската здравствена организација предупредува дека голем број жени по 45-та година почнуваат да имаат проблеми со килограмите. Елена охрабрува навреме да се позанимавате со тој проблем и да останете активен и „здрав“ член на општеството.

Самата Елена има 59 години и многу внимава на здравјето и линијата.

Што мислите вие за нејзиниот став?

Цел живот се борела со дебелината, а потоа ослабела 30 килограми благодарение на оваа едноставна диета!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.