Удар на коронавирусот врз црниот дроб

Фото: Pexels

Хроничните заболувања на органите на дигестивниот тракт, црниот дроб и жолчката го прават човекот поподложен на инфекција со коронавирус. Научниците од универзитетот „Сеченов“ во Москва дошле до тој заклучок по испитување на 460 пациенти.

Се покажало дека кај болните од овие заболувања, ковид-19 е потежок отколку кај луѓето без патологија.

* Погодена е поголема површина на белите дробови (според податоците од компјутерска томографија (КТ)).

* Почесто се јавува задишаност.

* Почесто е потребно приклучување на респиратор и интензивна терапија.

* Повисоко е нивото на Д-димерите во крвта, а тоа сведочи за зголемен ризик од тромботични компликации, како и на прокалцитонин – маркер на бактериски инфекции што може да го комплицира текот на ковид-19.

Фото: Getty Images

Смирете ја бурата

Пациентите што учествувале во студијата дури и пред хоспитализација добиле урсодеоксихолична киселина. Благодарение на тоа, кај нив било пониско нивото на феритин и интерлеукин – маркери на системскиот воспалителен процес.

А, како што е познато, во случаите со ковид-19 е забележана прекумерна воспалителна реакција (цитокинска бура), што е една од главните причини за смрт.

Покрај тоа, во заднината на лекувањето со урсодеоксихолична киселина, индикаторите за оштетување на црниот дроб се намалија. Научниците дошле до заклучок дека при ковид-19, овој препарат ги штити клетките на црниот дроб од уништување и може да го подобри исходот од инфекција со коронавирус.

Гастропротективна заштита

За време на студијата, на пациентите со симптоми на заболувања на дигестивниот тракт им биле предложени препарати од групата на ребамипиди. Се покажало дека тие го подобруваат крвотокот и ја обновуваат слузницата не само на органите за варење туку и на дишните патишта.

Гастропротекторите се користат и во случај на дијареја, особено кај дијабетичари тип 2.

Ако за време на инфекција со коронавирус ви се појават симптоми на други болести на органите, задолжително кажете му го тоа на вашиот лекар. Можеби ќе ви треба дополнително лекување, кое ќе го намали ризикот од компликации и потежок тек на инфекцијата.

Текст: Сергеј Вјалов, гастроентеролог, хепатолог, Москва

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.