Ублажете ја дискус-хернијата

Нашиот соработник проф. Владимир Николаевич Вишнев, фитотерапевт, на основа на долгогодишното искуство со пациенти, советува употреба на корен од чичка, кој ќе ви помогне да го обновите ’рскавичното ткиво и да ја вратите нормалната функција на зглобовите

Најпрво би ве советувал, доколку имате материјални можности, по испитувањата (магнетна резонанца, на пр.), да му се обратите на неврохирург.

Потоа, неопходно е да користите аналгетски лековити билки, како и такви што придонесуваат за обновување на ’рскавичното ткиво на зглобовите. Болките во зглобовите кај вас очигледно се поврзани сега веќе со артроза.

Намалете ги болката и воспалението

Како аналгетски билки се користат кора од врба, сурутарка (лат. Filipendula ulmaria), цветови од црн бозел, коњска детелина (лат. Melilotus officinalis), млада кора од јасика, млада кора од топола. Овие лековити билки можете да ги применувате поединечно или да ги мешате и пиете во вид на одвар. Тие сигурно ќе ви го ублажат воспалението.

* Од сурутарка, цветови од бозел и трева од коњска детелина направете одвар: една лажица од суровината прелејте со половина литар вода и поклопено варете го 15 минути на тивок оган. Оставете го да отстои половина час. Пијте по половина шолја три-четири пати дневно, независно од јадењето.

* Помешајте кора од врба, топола и јасика. Една лажица од суровината прелејте со половина литар вода и поклопено варете го на тивок оган половина час. Оставете да отстои еден час. Три-четири пати на ден пијте по половина шолја независно од јадењето.

* Ви предлагам уште еден рецепт за противвоспалителен билен чај, кој може да се приготви во домашни услови. Помешајте два дела кора од врба, по еден дел кора од јасика, трева сурутарка, иван-чај и исландски лишај и третина дел од коњска детелина. Една лажица од смесата прелејте со половина литар вода и поклопено варете го на тивок оган половина час, па оставете да отстои 40 минути. Пијте по половина шолја четири-пет пати дневно, независно од јадењето. Курата трае два-три, па и повеќе месеци.

Обновување на ’рскавичното ткиво

За подобрување на состојбата на зглобовите и на ’рбетот и за обнова на ’рскавичното ткиво користете корен од чичка, горилка, барски петолист (лат. Comarum palustre), глуварче и др. Имам огромно искуство со примена на овие билки во комплексното лекување артроза и остеохондроза. На пример, со постојано користење корен од чичка долг период се придонесува за делумно, а во некои случаи и за комплетно обновување на ’рскавичното ткиво, а потоа и за нормална функција на колковите и карлицата, колената и другите зглобови. Овде не се исклучени ни пршлените. Овој корен не само што ќе ги обнови туку и ќе ги подмлади вашите зглобови и ’рбет.

Извор: „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.