Тврдење на пулмолог: Коронавирусот е најопасен по живот за овие 5 групи на луѓе

Мислење на експерти

Дали некој ќе заврши со најкритична клиничка слика или ќе помине без никакви компликации и симптоми на коронавирус, најчесто зависи од неговата општа здравствена состојба

Одредени придружни болести можат да бидат фатална комбинација кога станува збор за коронавирусот, па кај таквите пациенти таа може да биде најопасна и животозагрозувачка. Кои се најзагрозените групи на луѓе?

Лекарите објаснуваат дека лекувањето на заболените кои немаат тешка клиничка слика трае помеѓу две или три недели, додека пациентите на интензивна нега се задржуваат дури и подолго од пет или шест недели, и за нив коронавирусот е најопасен.

Пулмолозите велат дека болеста има побавен или подолг тек, за разлика од сезонскиот грип кој може да почне бурно, сè се завршува брзо и кој трае неколку дена, со коронавирусот ситуацијата е неизвесна и поинаква.

„Кај коронавирусот болеста може да се продолжи на две, три, па и четири недели. Веднаш стана јасно дека сите оние што веќе имаат некакво заболување, тешко ја поднесуваат таквата респираторна болест. Забележавме дека сите пациенти што имаат некаков коморбидитет, потешко ја поднесуваат болеста, повеќе компликации се развиваат, полоша е гасната размена и болеста трае подолго“, објаснуваат пулмолозите.

Па така, дали некој ќе заврши со најкритична клиничка слика и дали ќе стигне до респиратор или ќе помине без никакви компликации и симптоми на коронавирус, најчесто зависи од неговата општа здравствена состојба, а за овие пет категории на луѓе, коронавирусот е најопасен по живот…

Пациенти со срцеви заболувања и проблеми со висок крвен притисок

Американскиот кардиолошки факултет кон средината на март навел дека имало извештај за акутна срцева повреда, аритмија, хипертензија, тахикардија и високо учество на придружни кардиоваскуларни болести кај заразените лица, особено кај оние на кои им била потребна интензивна нега.

Истражувањето во кое учествувале 150 пациенти од Вухан, епицентарот на епидемијата, открило дека пациентите со кардиоваскуларните болести се изложени на значајно поголем ризик од смрт во случај на зараза. Тоа се случува бидејќи срцето и белите дробови се поврзани.

„Пробајте само да вдишете и издишете брзо – пулсот автоматски ќе ви се забрза. Но ако срцето ви е слабо или имате блокирани артерии, тогаш вашето тело вложува многу поголем напор за да циркулираат крвта и кислородот низ целото тело“, пренесува National Geographic.

„Пациентите со срцеви заболувања, кои веќе имале формирана компликација имаат значително ослабена сила на срцевиот мускул. Исто така, во оваа категорија се и пациенти со хронични болести и хронична инсуфициенција на органи, без разлика дали се работи за слабост на црниот дроб, на бубрезите, на срцето или на белите дробови – сите тие се изложени на ризик“, додаваат пулмолозите.

Дијабетичари

Дијабетичарите, особено оние што имаат нерегулиран дијабетес, почесто имаат инфективни состојби кои можат да се искомплицираат поради ослабен клеточен имунолошки одговор. Кога ќе се развија која било инфекција, па така и инфекција со ковид-19, може да дојде до појава на кетоацидоза, компликација кога телото останува без инсулин, па тогаш заболените можат да паднат во кома или да завршат фатално ако не се реагира на време. Од компликации се јавува и лактична ацидоза, која доведува до нарушување на метаболизмот и исто така е опасна.

Астматичари

Коронавирусот претставува опасност и за луѓето со хронични респираторни болести, како што се цистична фиброза, хронична опструктивна болест на белите дробови, астма или алергии, како и за луѓе со оштетување на белите дробови како последица на пушење. Дури и благите случаи на настинка или грип можат да ги влошат овие состојби, пренесува National Geographic.

Дали болеста може да ја загрози бременоста?

Бременоста сама по себе може да биде ризична и нема може да ја загрози секоја инфекција, па така и ковид-19. Особено ризично е ако дојде до заразување во првото тромесечје, кога се одвива органогенезата и кога многу помали компликации можат да придонесат за лош развој на плодот.

Како дејствува болеста на белите дробови?

Од почетокот на појавата на вирусната инфекција ковид-19, се поставува прашањето што им прави вирусот на белите дробови. Може да се каже дека вирусот има посебен афинитет да се насели во клетките на дишните патишта и во клетките на белодробниот паренхим.

„Тоа предизвикува силен имунолошки одговор, односно ги иритира клетките кои се задолжени за одбрана, а тоа се белите крвни зрнца и клетките кои се дел од имунолошката одбрана. Поради тоа што сега реагира имунолошкиот систем, тој се обидува да го уништи вирусот, но не успева во тоа, вирусот влегува го клетките и го користи клеточниот апарат за да се размножи, а на тој начин ја разорува клетката и се шири понатаму.

Тоа е особено изразено во белите дробови, доведува до цела низа нарушувања и до развој на воспалителни инфилтрати. Она што е воочено кај мал број обдуцирани пациенти, бидејќи во целиот свет има мал број на обдуцирани во текот на епидемијата, станува збор за промени во циркулацијата. Се јавуваат склоности кон појава на тромб, значи промена во микроциркулацијата и микротромбозата, и тоа е всушност една од најважните компликации која предизвикува гасната размена да биде толку лоша, белите дробови да ја изгубат способноста за елиминација на јаглерод диоксид и за примање кислород“, објаснуваат пулмолозите.

СЗО го објаснува „3Ц правилото” и како тоа може да нè заштити од коронавирусот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.