Целиот живот сме ги чистеле ушите на погрешен начин: Доктор открил трик што го полуди светот!

Совет на експерти

Со стапчето се турка церуменот во внатрешното уво, што предизвикува воспаленија и затнување

Повеќето луѓе, според експертите, ги чистат ушите на неправилен начин. Освен стапчиња, некои луѓе користат и други, неретко опасни методи кои не даваат добри резултати. Докторите објаснуваат дека најважно е да се омекне стврднатиот церумен во ушите.

Истакнуваат дека тоа е возможно најлесно да се постигне со капнување масло, додека во потешки случаи помага шприц и мешавина од оцет и алкохол.

Американскиот педијатар доктор Дејвид Гил нагласува дека никако не смее насилно да се отстранува восокот од ушите, бидејќи за тоа постојат многу поделотворни методи, вклучувајќи користење намирници од кујната.

Доколку во увото постои поголемо количество на стврднат церумен, многу е важно да се омекне со масло, така што ќе потопите памукче во масло и потоа ќе го ставите во увото, без насилно туркање.

Потоа, протресете ја главата за да се помести восокот кон надворешниот канал. Почекајте две до три минути и капнете неколку капки масло во увото.

Доколку ништо од ова не ви помогне, тогаш, во сооднос 1:1, измешајте оцет и медицински алкохол, па исплакнете ги ушите со таа мешавина со помош на шприц.

Погледнете го видеото за подетални упатства…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.