Трик од војска со чија помош можете да заспиете за 2 минути: Оние што го испробале тврдат дека функционира!

Не постои подобра техника!

Фитнес-тренер открил трик што се користи во војска, а со чија помош можете да заспиете за 2 минути. Многу корисници на ТикТок ја потврдиле ефикасноста на овој трик

Џастин Агустин е фитнес-тренер кој активно споделува совети за фитнес и вежбање на социјалните мрежи. Големо внимание привлече откако неговото видео на ТикТок стана вирално.

Имено, Џастин на оваа социјална мрежа покажал трик како да се запие за две минути, односно вистинска техника за заспивање, за која тврди дека се користи во војска.

„Оваа техника е развиена во војска за да можат војниците да заспијат во секое време, на секое место, дури и на воено поле кога опкружувањето е крајно непријатно и бучно. Сонот е клучен за војникот“, вели тој на почетокот од видеото.

@_sleepbrainsleep_ Technique to falling asleep in 2 minutes! Insp. AsapSCIENCE on YT #sleep #fallasleep #insomnia #insomniac #learnontiktok #howto ♬ original sound – Sleep Brain Sleep

Како функционира оваа техника?

Џастин објаснил дека неговите истражувања се осмислени првенствено за борбените пилоти, кои мораат да бидат 100 отсто фокусирани и да внимаваат на рефлексите, па недостигот од сон би можел да им предизвика големи проблеми.

„За почеток, треба длабоко да вдишете и постепено да го опуштате секој дел од телото, еден по еден. Започнете со опуштање на мускулите на челото, а потоа опуштете ги очите, образите, вилицата и фокусирајте се на дишењето. Потоа, следуваат вратот и рамениците. Внимавајте рамениците да не бидат напнати: спуштете ги што пониско можете и рацете нека ви бидат лабави“, објаснува тој.

Две сценарија можат да бидат од клучна помош

Џастин открил две сценарија што можеме да си ги замислуваме за полесно да потонеме во сон.

„Прво, можете да си замислите како лежите во чамец на мирно езеро, а над вас има само чисто сино небо. Ако тоа не функционира, обидете се да замислите дека лежите на црна мрежа за лулање во потполна темница. Ако чувствувате дека мислите ви летаат на друго место, 10 секунди повторувајте си во себе: ‘немој да мислиш, немој да мислиш, немој да мислиш’“, открил тој.

Тој истакнал дека оваа техника треба да се вежба секоја вечер барем шест недели за да се забележат резултати. Наводно, 96 отсто од луѓето кои ја совладале оваа техника можат да заспијат две минути откако ќе ги затворат очите.

Неговото видео собрало голем број коментари од корисниците што ја испробале оваа техника, тврдејќи дека функционира.

„Јас бев војник и така ме учеа“, „Имав професор по психологија на факултет кој е ветеран. Тој ни го предаваше ова. Дефинитивно функционира“, „Мојот доктор ме научи на оваа техника кога имав несоница поради пост-трауматски стрес. Верувајте ми, функционира откако ќе го вежбате секоја вечер“, се само некои од коментарите на корисниците на ТикТок.

Како да заспиете кога ве мачи болка?! Со помош на овие специјални пози!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.