Толку се ужасни што не би му ги посакале ни на најлошиот непријател: 7 најсилни болки што човек може да ги доживее!

Дознајте!

Болката е сигнал на предупредување што мозокот го испраќа кога нешто не е во ред со телото

Иако болката е субјективно чувство и луѓето имаат различна толеранција на него, експертите од британската Национална здравствена служба направиле листа на објективно најболните состојби, а меѓу нив се и овие седум типови болка, што ќе ги натераат дури и најсилните луѓе да се превиткуваат и да плачат.

Имено, болката што потекнува од нервите, а не од ткивата, обично е најсериозниот тип болка, тврди професорот по анатомија Алан Басбум.

Тој ги открива седумте видови болка што пациентите на скала од 1 до 10 ги оценуваат со 15.

Екстремни главоболки (кластер мигрени)

Луѓето што страдаат од тешки главоболки, навистина страдаат. Ги оценуваат како полоши од породилните болки без анестезија, полоши од прострелни рани или скршеници… Околу 15 отсто од популацијата боледува од мигрена, а само 0,1 отсто од екстремни главоболки.

Камен во бубрег

Неопислива болка во грбот и околу него, која се шири кон стомакот и препоните, мачнина, повраќање и непријатен мирис на урината – ова се составните делови на оваа состојба. За среќа, таа успешно се лекува со внесување течности во организмот и со операција.

Тригеминална невралгија

Оваа состојба се опишува како најлошата болка на светот. Таа влијае врз нервот кој испраќа пораки од центарот во лицето кон мозокот, како последица на што заболените чувствуваат остра болка во пределот на целото лице. Болката е толку силна, што пациентите секогаш со неверојатна прецизност се сеќаваат на моментот и местото кога првпат ја доживеале. Интензитетот на маката е огромен, па дури и обидот да им се помогне е тежок, бидејќи каков било контакт ја засилува болката.

Повреда на ’рбетниот мозок

Луѓето што страдаат од оваа состојба може да почувствуваат прободување од „фантомски делови“, односно од ампутирани или парализирани делови на телото. Имено, во таква состојба мозокот чувствува како и понатаму да постои отстранетиот екстремитет, бидејќи мозокот не го регистрира недостатокот, тука само болката од местото каде што тој некогаш се наоѓал.

Изгореници

Изгорената кожа создава константна болка што се влошува секогаш кога кожата ќе се растегне, бидејќи оштетените нерви се под неа. Покрај тоа, помагањето во вид на чистење или каков било допир, создава нови, неизмерни болки.

Напад на жолчка

Наглата болка што трае од еден до пет часа, а е проследена со повраќање и треска, се нарекува напад на жолчка. Симптомите се слични како кај камен во бубрег, но каменот во жолчката е направен од холестерол, а не од калциум. Здравата исхрана и вежбањето ги намалуваат шансите да заболите од овие две состојби.

Породување

Секој има различно искуство со породувањето, но овој вид болка обично се користи како мерна единица за сите други.

„Имав напад на жолчка, се тркалав по подот во агонија, а медицинската сестра ми кажа дека тоа е најлошата болка што и таа некогаш ја почувствувала – пред породувањето“, рекол доктор Басбум.

Сепак, породувањето не е болест и болката поминува веднаш откако ќе се роди бебето.

Решете се од главоболката по природен пат: 5 природни лекови кои ќе ги приготвите сами а ќе ве спасат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.