Температурите се зголемуваат, а многумина ја прават истата грешка додека спијат

Спиете со вклучен вентилатор цела ноќ? Експертите предупредуваат на грешка што може да ви го наруши здравјето

Иако вентилаторот помага полесно да се заспие во жешките ноќи, лекарите предупредуваат дека неправилната употреба може да предизвика алергии, болки во мускулите и сушење на дишните патишта.

Со растот на температурите, многумина спасот од жештините го бараат во вентилаторот, особено ако немаат клима-уред. Сепак, експертите предупредуваат дека спиењето со вентилатор кој дува директно кон телото во текот на целата ноќ може да предизвика повеќе проблеми отколку корист.

Според лекарите, постојаното струење на воздухот може да ги влоши симптомите кај лицата со алергии и астма, бидејќи во воздухот се разнесуваат прашина, полен, грини и спори од мувла. Освен тоа, вентилаторот може да ја исуши слузницата на носот и грлото, што често доведува до затнат нос, болки во грлото и почесто будење во текот на ноќта.

Студениот воздух може да предизвика и напнатост во мускулите, па многумина се будат со вкочанет врат, болки во грбот или грчеви. Дополнително, струењето на воздухот ги суши кожата, очите и устата, особено ако вентилаторот е насочен директно кон лицето или ако просторијата е многу сува.

За да ги избегнете овие проблеми, експертите советуваат вентилаторот да не биде насочен директно кон вас, туку кон ѕид или таван за воздухот рамномерно да циркулира низ просторијата. Добра идеја е и користење тајмер за автоматско исклучување, редовно чистење на вентилаторот од прашина и доволен внес на течности во текот на денот за да се намали ризикот од дехидратација и сушење на дишните патишта.

pexels – spienje – son

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе