Сувост на слузокожата на вагината: ШТО ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ?

Совети од стручно лице

Последица на недостигот од естроген во менопауза, меѓу другото, е сува слузокожа „таму долу“. Пред да посегнете по хормони, пробајте со природни извори на витамин Е, кој ја задржува влагата во клетките.

Неодамна совет ми побара една жена што ја мачи сувост на слузокожата во менопауза. Ѝ препорачав храна богата со витамин Е. „Но, тоа е мит! Витаминот Е не дејствува во случај на вагинална атрофија, а таа е неизбежна поради недостигот од естроген. Така ми кажа мојот гинеколог“, ми напиша клиентката. Кој од нас е во право? Да објасниме…

Зошто витамин Е?

Витаминот Е се покажа како ефикасен за навлажнување на кожата и слузокожата (вклучувајќи ја и слузокожата на вагината). Притоа практично нема контраиндикации, особено ако се добива од храна. Се разбира, постојат состојби во кои природните средства нема да имаат којзнае каков ефект. Можеби тогаш ќе биде потребна хормонска терапија, но во повеќето случаи, според мене, треба да се почне со природни методи.

Покрај тоа, на некои луѓе им се контраиндицирани хормонски препарати, дури и во мали дози, а има и луѓе што не сакаат да земаат хормони во никој случај. Методите на лекување без лекови ќе им го олеснат животот.

Природни навлажнувачи

 * Витаминот Е е антиоксидант што им помага на клетките да ја задржат влагата. Со овој витамин се богати растителното масло, рибата (харинга, лосос), јаткастите плодови, брокулите, семките од сончоглед, авокадото, пиперките.

!Ја разредува крвта, затоа консултирајте се со лекар за усогласеноста со вашите лекови.

 * Сок од алое ја обновува оштетената слузокожа и ослободува од запек.

!Средството е контраиндицирано при дијареја.

 * Намирници со фитоестроген: органска соја, леблебија, леќа од сите видови.

!За видлив ефект е потребно да се јаде 300–400 г дневно.

Сѐ одеднаш или по ред?

 Може да се примени одеднаш, бидејќи гинекологот е во право: овие производи не се толку силни како вештачкиот естроген. Сепак, тие се безбедни и позитивно влијаат на здравјето.

Одговара: Екатерина Јенсен, нутриционистка, за „Руски доктор“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.