Лекар предупредува на проблемите што може да ги имате доколку спиете без долна облека.
Прашањето дали е поздраво да се спие со или без долна облека предизвикува различни мислења меѓу стручњаците. Едни тврдат дека е подобро да се спие без неа, бидејќи ѝ овозможува на кожата да „дише“, го намалува потењето и го спречува развојот на бактериите. Од друга страна, има и такви што препорачуваат памучна долна облека, бидејќи ја штити интимната регија од бактериите што може да се најдат на постелнината.
Американскиот пластичен хирург доктор Ентони Јун е категоричен во својот став: спиењето без долна облека не е хигиенско. Во видео-порака на Тикток, тој објаснува дека за време на спиењето испуштаме гасови, а секојпат кога тоа ќе се случи, во воздухот излегува и мала количина фекални честички. Ако спиеме без долна облека, овие микрочестички можат да завршат на постелнината.
Неговата порака предизвика големо внимание, а видеото собра повеќе милиони прегледи.
Додека некои сметаат дека ова е неугодно и нехигиенски, други се пошегуваа на тема испуштање гасови пред партнерите, а дел од коментарите го потврдија советот на докторот и го нагласија ризикот од пренесување бактерии.