Совет на експерти: Ако жената сака да ослаби, а да биде здрава, секој ден мора да го јаде ова!

Експертите откриваат

Вистинскиот совет од светски признат доктор

Професорот Христо Мермерски е бугарски генетичар и исцелител, автор на десеттина книги и предавач на повеќе од 200 универзитети ширум планетата. Овој професор тврди дека самите себеси се убиваме со погрешни диети и со лоша исхрана.

Еве што кажал тој!

ЗА СТАРЕЕЊЕТО:

„Стареењето не е природна состојба. Според многу научници, староста е болест што самите ја предизвикуваме со неразумно однесување. Седумдесет отсто од луѓето во светот умираат поради грешки во исхраната. Гихтот, дијабетесот, чирот, срцевиот и мозочниот удар, разните видови рак се камшикот на цивилизацијата, а ние самите сме виновни.“

ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕТО:

„Доволно е да се придржуваме до основните прехранбени правила. Главното нешто е да јадеме малку и да се грижиме малку. Еве неколку намирници што го забавуваат стареењето: зеленчук, овошје, јогурт, млеко и вино. Французите имаат традиција да пијат суво црвено вино и да јадат малку месо. Поради тоа, нивниот Жан живее 10 пати подолго од нашиот Јован.“

ЗА СИМНУВАЊЕ КИЛОГРАМИ:

„Во 500 г јогурт додајте 1 лажиче мед, 1 лажица јаболков оцет, 1 лажица цимет и 40 капки 30% тинктура од прополис. Ако сакате, можете да додадете и боровинки, ореви, банана (грст боровинки, грст ореви и четвртина банана). Овој десерт можете да го јадете наместо појадок или вечера. А ако јадете по 2 лажици од овој десерт на секои 2 часа во текот на целиот ден, ќе ослабите за 20 дена – гарантирам! Жените ќе забележат дека струкот им е потенок, косата посјајна, а кожата затегната и убава.“

ВИТАМИНИ ЗА УБАВИНА:

„Најдобрите витамини за убавина се содржат во салатата од морков и лук. Во Азербејџан било спроведено истражување кое го докажало магичното својство на лукот. Во една чаша ставиле 80 патогени микроби, а во друга ставиле лук. По неколку часа немало ни трага од микробите, што значи дека лукот ги убил од далечина!

Прополисот има слични својства. Го убива вирусот грип, се бори против гастритис, колитис, дисбиоза, одлична превенција е за рак. Доволно е да додадете 20 до 30 капки прополис во 50 мл вода и да го пиете 2 пати дневно.

Дамите можат да приготват лек за косата, ноктите и кожата: во тегла измешајте еднаква количина мед, ореви, суви кајсии, грозје, лимон и да земаат по 3 лажици дневно.“

РЕЦЕПТ ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ:
  • Не внесувајте во организмот повеќе калории одошто трошите.
  • Јадете по едно јаболко секој ден.
  • Пијте чиста вода и домашни чаеви.
  • Напорно работете.
  • Туширајте се секој ден.
  • Спијте во ладна соба.
  • За викенд пешачете или возете велосипед од 10 до 15 км.
  • Опкружете се со пријатели, смејте се, радувајте се…
Овие навики го уништуваат здравјето и го намалуваат имунитетот: Сите ги правиме, а не сме ни свесни за последиците!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.