Што се висцерални масти и зошто се толку опасни: 9 совети што ќе ви помогнат да се ослободите од нив!

Најопасните маснотии во човечкото тело!

Не е толку лесно да се истопат како поткожните маснотии

Најголемата пречка во успешното слабеење се висцералните (внатрешни) масти, кои воедно се и најопасниот вид маснотии во човечкото тело. Не е толку лесно да се ослободите од нив како од останатите масни наслаги. Дознајте и зошто.

Што се висцерални масти?

Тоа се маснотиите што се насобираат околу виталните органи во стомачната празнина (затоа уште се викаат и абдоминални масти) и сместени се под мускулите. Висцералните масти не му се непријатели на вашето тело, се’ додека не ги има премногу.

Позитивни функции на висцералните масти:

  • Ги штити внатрешните органи од механички оштетувања
  • Ја одржува оптималната температура на телото
  • Му служи на телото како еден од изворите на резервна енергија

Опасности од вишок висцерални масти:

  • Го покачуваат крвниот притисок
  • Ја нарушуваат нормалната функција на цревата, црниот дроб и другите органи
  • Предизвикуваат појава на проширени вени
  • Може да предизвикаат срцев удар или кардиоваскуларни болести, поради константниот притисок на подрачјето околу срцето
  • Го забавуваат метаболизмот
  • Го зголемуваат ризикот од атеросклероза (кога висцералните маснотии ќе влезат во црниот дроб, се претвораат во холестерол, кој може да ги затне крвните садови)
  • Ја зголемуваат чувствителноста на инсулин, кој е честа причина за појава на дијабетес тип 2 и дебелеење
  • Го зголемуваат ризикот од појава на замастен црн дроб
  • Ја нарушуваат рамнотежата на хормоните

Покрај сето ова, вишокот висцерални масти го зголемуваат стомакот, кој често се намалува кога се работи за овој тип маснотии.

Како да го исфрлите вишокот висцерални масти?

Ако од телото ги исфрлите прво поткожните маснотии, ќе биде тешко да ги исфрлите висцералните маснотии. Имајте предвид дека овие масти не може да ги отстрани ниту една липосукција или таблета. Но со текот на времето, одредени навики можат да ви помогнат да се ослободите од опасните маснотии…

1. НЕ практикувајте тешки диети

Само здравата исхрана ќе ви помогне на подолги патеки. Ниту една брза диета не може да ги отстрани висцералните масти. Напротив, доколку телото е под стрес поради ригорозната диета, ќе се брани со дополнително создавање резерви на висцерални масти.

2. Не ги исфрлајте јаглените хидрати

На крајот на краиштата, тие се главниот извор на енергија. Кога количината на јаглени хидрати драстично ќе се намали, телото прави стратегија за зачувување енергија – таложи висцерални масти! Сепак, внимателно одбирајте ги јаглените хидрати – нека бидат тоа житарки, банани, квалитетни тестенини од цело зрно…

3. Уедначен појадок

Добриот појадок подразбира комбинација на протеини, јаглени хидрати и влакна. Во тој случај, подоцна во текот на денот ќе имате помала желба за грицки и слатки.

4. Вежби за половината

Ова можеби сега ви се чини неповрзано и нелогично, но всушност е многу важно. Вежбите за половина ќе ви помогнат да имате здрав ‘рбетен столб, но и одлично држење, кое всушност е основа на здравјето, убавината и младоликоста. Кога станува збор за висцералните масти, истегнувањето на половината им помага на органите да се вратат на своето вистинско место, абдоминалната маст почнува да се разградува, а стомакот се топи.

5. Пијте многу вода

Топла или што поблиску до врела. На телото му треба вода за да ја пренесе и го исфрла вишокот, а топлата вода дополнително го забрзува тој процес. Секој ден пијте 30 мл вода по килограм од вашата тежина. Ако имате 60 килограми минималната количина е 1,8 литри.

6. Додајте во исхраната витамин Ц и омега-3  и омега-6 масни киселини

Овие елементи не само што го лекуваат цело тело, туку помагаат и работата на метаболизмот да се нормализира и забрза. Омега киселините даваат чувство на ситост, а во комбинација со вежбање, го поттикнуваат растот на мускулите и придонесуваат за побрзо одвојување од масните наслаги. Од друга страна, витаминот Ц го забрзува исфрлањето на мастите за дури 30%.

7. Зајакнете ги страничните мускули

Најдобриот начин за да ги опфатите сите се вежбите „планк“. Силните странични мускули им помагаат на органите да останат во својата природна положба, но и ја растоваруваат половината и придонесуваат за подобро држење.

8. Јакнење на метаболичките процеси во абдоменот

Ова се однесува на вежбите и масажата што ја подобруваат циркулацијата на крвта и метаболизмот во подрачјето на стомакот. Дали сте знаеле дека телото побрзо ги троши маснотиите во подрачјата каде што циркулацијата на крвта е побрза? Вежбата во видеото подолу е совршена за тоа, бидејќи ја поправа флексибилноста на половината, функцијата на системот за варење и го забрзува разградувањето на мастите во пределот на стомакот.

9. Прошетка

Шетајте што е можно повеќе, бидејќи прошетката е најсигурната и најефективната физичка активност.

Сега кога ги знаете сите детали, уште денес тргнете во борба против висцералните масти!

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.