Што се случува во вашето тело кога спиете на бела постелнина? Неверојатно откритие!

Гаранција за најдобри соништа!

Повеќе од 1500 луѓе на возраст меѓу 25 и 55 години учествувале во ова глобално истражување

Дали ви треба многу време за да заспиете и постојано се превртувате во кревет?

Може да има многу причини за несоница. Резултатите спроведени од страна на американската фондација за спиење откриваат дека луѓето спијат многу подобро кога нивните спални соби се удобни и чисти, а посленината бела.

Повеќе од 1.500 луѓе на возраст од 25 до 55 години учествувале во глобалното истражување на фондот.

„Детално проучувавме како различни медицински и бихевиорални проблеми влијаат на сонот и бевме изненадени од тоа колку луѓе се чувствителни на звуци, мириси и визуелни ефекти кога станува збор за ноќниот одмор“, изјавил Дејвид Клоуд, шеф на експериментот.

42% од испитаниците немале никакви проблеми со спиењето, веднаш потонале во слатки соништа и се разбудиле одморени и расположени. Но за останатите, креветот многу често се претворал во вистинска тортура. Помеѓу физичките причини за тоа се неудобниот кревет и грубата постелнина, температурата во просторијата, силната светлина, мирисот и бучавата.

„Запомнете еднаш засекогаш! Креветот е само за спиење и секс! Но многу луѓе во него гледаат телевизија, читаат книги, пијат кафе, се караат, а потоа се прашуваат зошто нивните мозоци продолжуваат да работат дури и тогаш кога смаите тие сакаат да спијат“, објаснил Клоуд.

Фондот дошол до неверојатно откритие дека важна компонента за здравиот ноќен сон е бојата на постелнината! Додека меките перници и мирисните средства не можеле да ги решат посериозните нарушувања, промената на бојата на постелнината им помогнала на многу луѓе совршено да се опуштат.

Па така, идеална комбинација на бои за спална соба се бледо розови ѕидови и снежнобела постелнина. И двете имаат смирувачки ефекти, ги смируваат непријатните емоции и ги опуштаат мускулите и тоа само за 10-15 минути.

Белата постелнина дава чувство на чистота и мир, што допринесува за подобро спиење. Но светлите отпечатоци и украсните шари на ткаенината ја излудуваат психата. Нежните пастелни нијанси може да ве привлечат, но запомнете дека повеќето хотели во светот имаат покривачи и навлаки во бела боја, а не бледо розови или сини.

Според  мислењето на психолозите, белата постелнина станува гаранција за најдобри соништа. Не заборавајте на квалитетот на постелнината. Важно е да биде пријатна за телото, а идеално е ако е од дебел памук или сатен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.