Септември e месец на подигање на свеста за синдромот на полицистични јајници од кој страдаат 10% жени

Во репродуктивниот период

Секој септември во светот се одбележува како месец на подигање на свеста за синдромот на полицистични јајници (PCOS) – најчестото ендокринолошко нарушување кое се јавува кај 10% од жените за време на нивниот репродуктивен период.

Се манифестира, меѓу другото, со нередовни менструални циклуси, зголемено производство на андрогени (машки полови хормони), влакнетост, акни, зголемена телесна тежина. Добрата вест е дека со адекватна терапија сепак може да се избегнат компликации какo: неплодност, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, метаболен синдром, депресија.

Симптоматологија и дијагностика

Најчест и прв показател за оваа состојба се аменореа – отсуство на менструација, или олигоменореа – неправилна менструација, вели д-р Александра Капушевска гинеколог-акушер од ПЗУ Капушевски – Др. Фани, и додава дека полицистични јајници се карактеризираат со појава на преантрални фоликули во форма на низа по должината на јајниците утврдени со ултразвучен преглед.

За разлика од нив, антралните фолeкули претставуваат рана фаза на созревање на јајце-клетката. Кај жени со полицистични јајници (PCOS), фолекулите престануваат да се развиваат во преантралната фаза, што резултира со ретки овулации.

Други симптоми на PCOS се:

  • Зголемено ниво на машки хормони утврдено со лабораторско тестирање
  • Зголемена телесна тежина, влакнестост, акни
  • Инсулинска резистенција
  • Преддијабетес или дијабетес
  • Високо ниво на липиди во крвта (холестерол и триглицериди)

Медицинските експерти ги обединија, дијагностичките критериуми за PCOS во т.н. Ротердамски критериум, според кој за поставување на дијагнозата една жена мора да има најмалку два од следниве 3 симптоми:

  • Намален број на овулации или отсуство на овулации
  • Зголемено ниво на машки полови хормони (според клинички знаци или врз основа на лабораториски тестови)
  • Карактеристичен наод при ултразвучен преглед.

Како се лекуваат полицистични јајници?

За третманот на синдромот на полицистични јајници, д-р Александра Капушевска најпрво вели:

Лекувањето на PCOS не е универзално, туку напротив – индивидуално според состојбата на секоја жена, и се одвива во зависност од личниот избор, од она што се сака да се постигне со третманот, како и од желбата на пациентката за бременост.

Според тоа, фокусот може да биде на регулација на телесната тежина, регулирање на менструалниот циклус со контрацептивни таблети за намалување на нивото на машките полови хормони, или прогестинска терапија, или постигнување овулација со хормонска терапија за остварување на бременост.

Адекватна терапија за лекување на синдромот на полицистични јајници може значајно да ја подобри ситуацијата со PCOS односно да се минимизираат симптомите и компликациите. При тоа, воопшто не треба да се занемарат здравите животни навики, како и здравата исхрана.

Редовната физичка активност и соодветен начин на исхрана се значителен дел од севкупниот третман на PCOS,  како и препораки за одредени природни додатоци на исхраната кои значително можат да придонесат при лекувањето.

Таков природен додаток во исхраната е Елова (Ellova®) кој освен фолна киселина, содржи и мио-инозитолот. Мио-инозитот е есенцијална компонента на клучните пренесувачи,вклучени во инсулинската трансдукција и на тој начин значително ги зголемува шансите за забременување.

Мио-инозитолот исто така го подобрува квалитетот на циклусите на ин-витро оплодувањето преку намалување на инсулинска резистенција, нормализирање на овулацијата и  зголемување на бројот на квалитетни  јајце-клетки.

Зошто е потребно постојано да се подига свеста за PCOS и на кој начин?

Се смета дека PCOS е една од главните причини поради која жените се соочуваат со потешкотии при забременување или неплодност. Подигањето на свеста за полистични јајници се одвива на начин што во овој месец интензивно се актуелизира темата за ова нарушување преку споделувања на искуствата на жените со овој синдром, информирање за третманот, и секако преку едуцирање на оние кои се соочуваат со овој синдром, да знаат како да го препознаат и навремено да реагираат доколку е потребно.

Подигнувањето на свеста, пред сè, е значително важно бидејќи сè уште постојат одредени точки во ова нарушување кои се недоволно медицински разјаснети, особено во делот за симптомите на PCOS.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.