Секојдневните навики кои можат негативно да влијаат на здравјето на срцето: Овие рутини може лесно да се откоренат

Здравје

Добро е познато дека одредени навики, покрај консумирањето цигари и прекумерното пиење на алкохол, со тек на времето можат негативно да влијаат на здравјето на срцето, а постојат и други работи.

Многу секојдневни навики за кои всушност не размислуваме исто така можат да влијаат на здравјето на срцето. Она што работиме, јадеме и пиеме може значително да влијае на крвниот притисок, холестеролот и работата на срцето и на крај да делува на нашата севкупна функција на срцето.

Секојдневните навики кои можат да делуваат на срцевите проблеми:

Осаменост

„Изолацијата од другите, исто така, може да има длабоко влијание на здравјето на нашето срце“, вели др Ригвед Тадвалкар, кардиолог, пишува “Huff Post”.

Неодамнешна студија покажа дека старите жени имаат 8% поголем ризик од кардиоваскуларните болести кога живеат во друштвена изолација и 5% поголем ризик од кардиоваскуларните болести кога живеат сами. За луѓето кои ги доживуваат и социјалната изолација и осаменоста, ризикот од срцевите болести расте за 27%. Социјалната изолација исто така, може да допринесе депресија, а а депресијата може пак, да доведе до кардиоваскуларни фактори на ризик.

Лошо здравје на забите

Проблемите со забите, покрај кариесот, можат да го зголемат ризикот од бактериски инфекции во крвотокот. Покрај Тадвалкар, бактериите во устите е многу лесно да отпатуваат во крвта. Неодамнешно истражување исто така, покажа дека редовното чистење на забите е поврзано со бројните исходи на здравјето на срцето.

„Добрата орална хигиена е важна. Не можеме да кажеме дека четкањето и чистењето со конците секој ден ќе го спречи срцевиот удар, но може да се зголеми нечија ранливост ако имаат други стандардни фактори на ризик“, вели експертот.

Премногу кофеин

Премногу кафе може да има негативен ефект.

„Може да предизвика забрзана работа на срцето, предизвикува контракција на крвните садови и повисок крвен притисок, а секако ако сте склони на пореметување на срцевиот ритам, кофеинот во високи дози може тоа да го предизвика“, вели Тадвалкер.

Кофеинот се смета за нормална примена од 300 до 400 милиграми, а после тоа може да има негативни ефекти.

Неконтролиран стрес

Кога системот се бори или телото е хронично активиран, тоа може да предизвика воспаление во телото и продолжено ослобдување на хормонот на стрес покрај адреналинот. Овие фактори заедно можат да предизивикаат физиолошки промени во телото, вклучувајќи зголемување на крвниот притисок, високиот холестерол, дебелината, инсулинската резистенција и пореметување на електричниот ритам, вели Тадвалкер. Хроничниот стрес исто така, може да го зголеми ризикот од згрутчување на крвта во целото тело.

Премногу или премалки спиење

На повеќето луѓе им треба околу седум или осум часа сон во текот на ноќта. Сепак, не се работи само за количината на сонот, туку и за квалитетот. Квалитетен, регенеративен сон е клучен за одржување на здравото срце. Лошиот квалитет на сон е поврзан со високиот крвен притисок, зголемен холестерол и атеросклероза (собирање на притисокот во артериите), пишува “Huff Post”.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.