Сè што треба да знаете за коронавирусот од досегашното искуство

Добро е да знаете

Деталната анализа на првите 99 пациенти во болницата е објавена во медицинското списание The Lancet.

Новиот коронавирус е регистриран во 25 земји низ светот, а Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба на глобално ниво откако вирусот се прошири надвор од Кина, пренесува „Би-би-си“.

 

Како вирусот го напаѓа телото? Кои се симптомите? Кој има најголема веројатност да се разболи или да умре? Како се одвива лекувањето? Одговорите на овие прашања ги дадоа лекарите кои први се соочија со корона вирусот, во болницата Јининтан во Вухан.

Деталната анализа на првите 99 пациенти во болницата е објавена во медицинското списание The Lancet.

Воспаление на белите дробови.

Сите 99 пациенти во болницата имале воспаление на белите дробови.

Преостанати симптоми:

– 82 пациенти имале грозница

– 81 од нив кашлале

– 31 пациент отежнато дишеле

– 11 пациенти имале болки во мускулите

– 9 имале нарушување во вниманието

– 8 имале главоболка

– 5 имале воспалено грло.

Првите смртни случаи

Првите двајца пациенти кои починале на изглед биле здрави, но биле долгогодишни пушачи, а тоа им ги ослабнало белите дробови.

Првиот пациент кој почина од вирусот е 61-годишен маж кој имал тешко воспаление на белите дробови кога бил примен во болницата. Неговите бели дробови не биле во состојба да пренесат доволна количина на кислород. И покрај тоа што бил приклучен на апарат, белите дробови престанале да работат, исто и срцето. Починал 11 дена по хоспитализацијата.

Вториот пациент, 60-годишен маж, исто така имал акутен респираторен синдром. Бил вклучен на вештачки бели дробови, но тоа не било доволно. Паднал во септички шок и починал откако му паднал крвниот притисок.

 

Најмалку 10% смртност

До 25 јануари, од 99 пациенти:

– 57 и понатаму се во болница

– 31 пациент е пуштен дома

– 11 починале

Се смета дека животните кои се продаваат на пазарот за морска храна во Вухан се извор на зараза. Директен контакт со пазарот имале 49 пациенти од 99.

-47 работеле на пазарот, како менаџери или работници на штанд

-двајца пациенти биле купувачи

Најмногу се погодени мажите на средни години

Повеќето од 99-те пациенти се во средни години, а 67 од нив се мажи. Но, поновите бројки покажуваат порамномерна поделба на половите.

Други болести

Повеќето од 99-те пациенти имале други болести кои ги направиле почувствителни на вирусот, што е последица на ослабен имун систем.

– 40 имале слабо срце или оштетени крвни садови

– 12 имале дијабетес.

Извор: www.kajgana.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.