Романски неврохирург тврди: Само вака правилно се одмора мозокот!

Одличен совет!

Иако мозокот никогаш не спие, неопходен му е одмор

Романскиот неврохирург Влад Циуреа советува како да го стимулирате и опуштите мозокот:

„Како неврохирург, често гледам страдање на лицата на моите пациенти. Неврохируршките интервенции ги плашат повеќе од самите проблеми. И тоа е нормално. Мозокот не е орган што можеме да го контролираме. Можеби не знаете, но и на мозокот му треба одмор и внимание“, тврди тој.

За време на празниците или одморите, во искушение сме да си дозволиме премногу: јадеме премногу, пиеме премногу, седиме на компјутер до доцна навечер, многу пушиме, го злоупотребуваме кафето…

„Мозокот никогаш не спие, но постои начин да го одморите и стимулирате. Да, на мозокот му требаат позитивни поттици“, објаснува неврохирургот.

Влад препорачува да спиете без мобилен телефон во близина. Наутро прво би требало да погледнете во небото или едноставно да уживате во погледот низ прозорецот за да ги стимулирате вашите визуелни центри. Негова препорака е да слушате музика што ви го подигнува расположението и веднаш да испиете вода штом се разбудите.

Јадете умерено, бидејќи желудникот го преоптоварува мозокот. Пиењето црно вино исто така се препорачува, бидејќи помага при чистењето на капиларните вени во мозокот, но не смеете да претерате бидејќи алкохолот ги напаѓа нервните клетки.

Намалете со гледање телевизија.

„Ако сте пушач, тогаш еднаш неделно организирајте празнење на мозокот. Купете една навистина квалитетна и добра цигара. Испушете ја таа една цигара наместо цела кутија“, советува докторот.

Златното правило за одморен мозок на Влад Циуреу е тишината! Тој советува да одвоите време за уживање во тишина, за да ги средите вашите мисли.

Секој ден дозволете си да се радувате, бидејќи радоста е вистинската храна за мозокот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.