Псоријаза, но на деликатно место

Може ли псоријазата да биде генитална, како да се препознае и дали може да се зарази и партнерот?

Системско лекување се пропишува ретко и во тешки случаи, кога пациентите се отпорни на терапијата.

Гениталната псоријаза не се пренесува преку полов однос, но може да биде причина за проблеми во половата сфера, како и за психички комплекси.

Таа може да се појави на која било возраст, и тоа не само кај возрасните туку и кај децата. При ова заболување се оштетува кожата во пределот на половите органи, како и превиткувањата, задникот. Патем, ваквата локализација не е реткост: во два до пет отсто случаи псоријазата е само генитална, т.е. на другите делови на телото не мора да има исип. Тој се појавува во вид на темноцрвени дамки, главно со јасни граници. Може да биде симетричен, особено кај жените.

Дамките често се прекриени со светли лушпи. Заболениот почнува да го вознемирува јадеж, кој понекогаш е многу силен. На погодените места понекогаш се појавуваат и пукнатини и чувство на болка. Истовремено, кожата многу брзо може да се врати во нормална состојба, како ништо да не било.

ЛЕКУВАЊЕ

  • Максимално нежна нега (гелови за чистење осетлива кожа) и хидратација.
  • Одржување хигиена.
  • Нежна долна облека од природни материјали.
  • Надворешно – хормонски кремови (по препорака на лекар, внимателно и во кратки кури), средства на база на катран и нафталанска нафта.
  • Однатре – само по препорака на лекар.

Текст: Светлана Сергеевна Јакубовска, дерматолог

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.